Како што пренесуваат светските агенции, уште две момчиња се спасени од пештерата во Тајланд, со што вкупниот број на извлечени денеска се зголеми на осум.
„Си-Ен-Ен“ пишува дека осмото момче моментално е во теренската болница и како извор се наведува неименувана личност вклучена во спасувачката акција.
Локалните власти досега официјално го потврдија само извлекувањето на петтото момче од пештерата.
Уште четирите момчиња кои останаа во пештерата со тренерот ќе бидат извлечени утре, бидејќи операцијата за спасување е завршена за денес, потврдија властите.
Што се знаедосега:
-Четири момчиња беа спасени вчера.
-Денес е 16-тиот ден откако момчињата и нивниот тренер беа заробени во пештера која беше претежно поплавена.
– Момчињата се скоро четири километри оддалечени од излезот, а повеќето од нив не знаат да пливаат ниту да нуркаат.
– Операциите за спасување вклучуваат нуркачи од различни делови на светот, како и тајландски војници и специјални единици.
– Акцијата е влошена од силниот дожд што почна да врне вчера.
Вкупно осум деца извлечени од пештерата во Тајланд
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!