петок, декември 20, 2024
домаНасловнаВлада на Швајцарија: Не сакаме мигранти од Италија и Грција

Влада на Швајцарија: Не сакаме мигранти од Италија и Грција

Швајцарската влада соопшти дека повеќе нема да прима бегалци од Италија и Грција во рамките на програмата на Европската унија за распределба на мигранти.
Швајцарскиот миграциски секретаријат (СЕМ) рече дека владата нема планови за примање на мигранти во догледно време.
Весникот “SonntagdBlick” вели дека швајцарската влада објавила пред три години дека ќе прими 1.500 имигранти од Италија и Грција во рамките на планот на ЕУ за распределба.
Овој швајцарски владин план беше имплементиран и 902 имигранти од Италија и 579 од Грција беа згрижени.
Членот на Европската комисија задолжен за миграциони прашања, Димитрис Аврамопулос, побара од швајцарската влада кон крајот на минатата година да згрижи дополнителен број мигранти во рамките на нивниот капацитет. Швајцарската влада го одби барањето врз основа на тоа дека ги задоволила критериумите за планот за распределба.
Италија и Грција се земји на надворешните граници на Европската унија и како такви беа првите што ги погоди мигрантската криза во 2015 година. Европската унија усвои план за распределба на мигранти со задолжителни квоти, со цел членките да покажат солидарност и да го споделат товарот на оваа криза. Планот наиде на жестоко противење од Унгарија, Словачка, Чешка и Романија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ