четврток, декември 26, 2024
домаКујнаВнимавајте каде ги користите платежните картички 

Внимавајте каде ги користите платежните картички 

Платежни картички се погодни и луѓето се толку навикнати на нив што речиси никогаш не носат готовина со себе. Како што информира „Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи“, повеќето луѓе мислат дека со пинот се заштитени од кражба – за разлика од готовина, ако некој ја украде картичката нема да биде во можност да ја користи. Но, дали е баш така?

Постои разлика помеѓу дебитна и кредитна картичка, кредитната картичка ви овозможува да трошите пари што ги немате (се разбира, потоа ќе ги враќате), а за дебитната важи правилото – што е тоа е; односно од дебитната картичка може да потрошите само онолку пари колку што имате.

Без оглед на тоа која картичка ја користите, мора да бидете внимателни каде ја користите, а овие седум места подобро да ги избегнувате.

  1. Независни банкомати

Избегнувајте банкомати кои не припаѓаат на одредена банка, тие обично имаат знак дека примаат секаков вид картички, и дека се погодни за сите банки. Токму таквите автомати најчесто се користат за скенирање податоци и кражба на идентитет. Понекогаш на таквите банкомати се наоѓаат уреди наречени „скимери“ и ги крадат вашите информации веднаш штом ќе ја вметнете картичката во автоматот.

Ако ви е потребна готовина подобро да ја подигнете во банка, или ако не сте во можност, тогаш барем на банкомат кој е во сопственост на банка.

– Дури и ако тоа не е вашата банка, помалку е веројатно дека некој ќе ве ограби – вели Мејсон Вајлдер, специјалист и истражувач во „ Association of Certified Fraud Examiners“.

  1. Во хотели

Кога планирате престој во хотел, обично плаќате аванс со картичка. Тогаш добивате сметка, која останува отворена додека не го напуштите хотелот со цел на неа да се собере се. Вашите пари се на „чекање“, не плаќате ден по ден, туку персоналот на хотелот го чека денот кога ќе се одјавите за да собере се заедно.

Проблемот е кога ќе сфатите дека немате доволно пари на дебитната картичка и дека немате дозволено надминување. Затоа е попаметно секогаш да носите дополнителни пари со вас и после вашата резервација се да плаќате со готовина.

  1. Во кафулиња за самопослужување и продавници

Секогаш плаќајте со готовина на овие места за да избегнете „скимери“. Вакви типови на објекти обично немаат доволно луѓе за да ги вметнуваат сите картички, па можете сами да го направите тоа. Баш поради оваа причина, овие места се идеални за инсталирање на „скимер“ апарати.

  1. Во рестораните

Кога плаќате во ресторани, го оставате келнерот сам со вашата картичка, барем за неколку моменти. Во ова време тој може да ги скенира вашите податоци.

-Секое место каде ја давате картичката на лице кое е далеку од вас е опасно – вели Вајлдер.

Ако немате доволно пари со вас, плаќајте со кредитна наместо со дебитна картичка. Секогаш  најдобра опција е да плаќате директно со готовина, бидејќи така знаете дека сте безбедни и дека никој не може да ги украде вашите информации.

  1. Големи артикли

Никогаш не нарачувајте мебел или други предмети плаќајќи со кредитна картичка, може да се случи работите никогаш да не стигнат, иако одредена сума ви е симната од картичката.

  1. За автоматско плаќање

Автоматските плаќања често нудат различни награди за она што го плаќате преку Интернет. Луѓето често го користат овој вид плаќање, бидејќи го олеснува процесот на уплата на сметки или членарини. Автоматските плаќања често нудат и бројни награди и попусти, но можно е да се случи компанијата да го повлече од понудата тој попуст кој сте го виделе, па ви останува да ја плати полната цена и да останете без подарок.

  1. Онлајн плаќање

Постојат работи кои никогаш не треба да ги купувате онлајн. Големите трговски онлајн ланци се достојни за доверба, но тоа не значи дека вашите податоци на Интернет се безбедни. Наместо тоа, подобро изберете при-пејд интернет картичка, на неа можете да го уплаќате износот кој сакате да го потрошите и кога ќе посакате, па е помала опасноста од кражба на податоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ