петок, декември 20, 2024
домаНасловнаВо Белград е прогласена вонредна состојба

Во Белград е прогласена вонредна состојба

Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, по предлог на Градскиот штаб за вонредни ситуации, ја донесе Одлуката за прогласување вонредна состојба во Белград, со цел спроведување на превентивни мерки за заштита на безбедноста и заштитата на животот на населението. Оваа одлука влегува во сила денес, соопшти Градската управа.

Градоначалникот претходно објави дека по прогласувањето на вонредна состојба, ќе се спроведе постапката за воведување на нови три мерки со цел да се спречи ширењето на ковид-19, што го најави претседателот Александар Вучиќ.

Една од овие мерки е да се ограничи бројот на луѓе што можат да се соберат – во затворен простор, до 100, притоа почитувајќи го физичкото растојание од 1,5 метри, на отворено 500 лица.

Втората мерка е затворање на ноќните клубови и кафулињата од 11 часот до 6 часот наутро, а третата мерка е построго почитување на носење маски и, од понеделник казнување на оние што не носат маски.

„Слушаме луѓе кои се експерти во тоа, тие ги дефинираат мерките и соодветно ги спроведуваме. Тие рекоа дека врз основа на епидемиолошката состојба, врз основа на набљудување како се шири епидемијата, не е потребно во овој момент да се затвори Белград. Сепак, ако тие проценуваат дека е неопходно да се спроведат некои други мерки, Белград е подготвен да го спроведе тоа во интерес на граѓаните “, рече градоначалникот.

Според постапката, Владата на Србија ќе донесе одлука да пропише одредени мерки на територијата на главниот град, врз основа на Одлуката за прогласување вонредна состојба.

“Со оглед дека работата на угостителите ќе биде ограничена, беше пронајдена мерка за таа гранка на нашата индустрија да работи, но и да ги заштити луѓето затоа што повеќето од инфекциите беа на забави во ноќен клуб. Тоа се мерки што денес ќе се спроведат и ќе стапат сила “, истакна Весиќ.

Тој истакна дека прогласувањето вонредна состојба обезбедува основа за ограничување на некои права, а дали ќе бидат донесени некои други мерки, ќе зависи од развојот на епидемиолошката состојба.

„Овие мерки ќе ги воведеме две недели и сметаме дека ќе биде доволно да се вратиме во нормален живот после тоа. Во секој случај, доколку има нови мерки, граѓаните ќе бидат навреме известени“, рече заменик-градоначалникот.

Говорејќи за контролата на носење маски во јавниот превоз и во затворени простории и казнување, Весиќ рече дека висината на глобата ќе ја утврди Владата на Република Србија, што веројатно ќе се случи денес.

„Надлежност за спроведување на здравствените регулативи е кај Министерството за здравство, односно санитарната инспекција, но Владата може да овласти некои други тела да учествуваат во тоа. Претпоставувам дека ќе бидат овластени Комуналната милиција и МВР, како и некои други инспекциски служби. Ние имаме на сила задолжително носење маски во јавниот превоз и според нашата проценка, повеќе од 96 проценти од луѓето кои користат јавен превоз носат маски и на тој начин се штитат себеси и другите “, потенцираше Весиќ.А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ