Во центарот на Загреб се отвори првиот музеј на смеата во светот

0
7

Во Гајева улица бр. 7, Загреб, се отвори HaHaHaHouse – уникатен простор кој преку хумор, уметност и технологија нуди незаборавно искуство и многу насмевки. Музејот е создаден со соработка на домашни и странски дизајнери, архитекти, уметници и експерти.

Основачката Андреа Голубиќ ја добила идејата со желба да ја врати радоста во времиња на стрес и замор. „HaHaHouse е мојот начин на ширење радост и поврзување преку смеа. Овој проект е лек за душата“, истакнува таа.

Посетителите ќе имаат можност да истражат интерактивни инсталации и забавни поставки, со саркастичниот лик Mr. H. како водич, кој на хумористичен начин ги прикажува сериозноста и апсурдите на модерното општество.

HaHaHaHouse ги отвори вратите на Светскиот ден на смеата на 10 јануари 2025 година, и ќе биде достапен за посета секој ден од 9 до 21 час.

Целиот текст прочитајте го на portos.hr.