Денес, со почеток од 17 часот во Галерија МКЦ ќе биде отворена групна изложба со едноставен наслов „ИЗЛОЖБА“ на Ана Трајковска, Душан Стефановски, Ивана Секулоска и Јован Јосифовски.
Уметниците ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.
Изложбата ќе биде отворена до 24 април.