Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека владата ќе ја обезбеди вакцината против корона вирусот веднаш штом е достапна, бесплатно за сите граѓани.
– Инсистирам на слободен пристап до вакцината за сите Грци затоа што оваа влада уште од самиот почеток ја третира вакцината како јавно добро – рече Мицотакис.
Затоа, како што додаде, тој ќе биде бесплатна за сите, без исклучок, пренесува АП.
Рекорден број на нови случаи на вирус се регистрирани вчера во Грција, повеќе од 3.300, како и 50 смртни случаи, а здравствениот систем е под зголемен притисок.
Во Грција денеска стапува на сила полициски час, кој ќе важи од 21 до 5 часот наутро секој ден. Во тој период, на граѓаните им е дозволено да излегуваат надвор само ако треба да работат, од итни здравствени причини или за шетање кучиња, пренесува АНА.
Во Грција во моментов е на сила е и локдаун, кој ќе важи до 30 ноември, односно никој не може да влезе или да ја напушти земјата освен ако нема специјална дозвола.
Забранети се и тренинзи за повеќе од три лица, освен за професионални спортисти, а исто така е забранет лов и риболов. А.Р.