Во кој европски град се јаде најубаво?

0
10

Според познатиот светски гастрономски водич Taste Atlas, Наполи е прогласен за град со најдобра храна во светот за 2025 година. Водичот ја состави листата врз основа на гласови од публиката, земајќи ги предвид квалитетот на состојките, специјалитетите и традиционалните пијалаци што го дефинираат гастрономското искуство на еден град.

Наполи – Престолнина на вкусовите

Со оценка 4.93 од можни 5, Наполи ги освои срцата на љубителите на гастрономијата. Градот е познат по своите култни пици како „Наполитана“, „Маргарита“ и „Маринара“, кои може да се вкусат во легендарните пицерии како „L’Antica Pizzeria da Michele“ или „Sorbillo“.

Уличната храна е исто така неизоставен дел од искуството. Специјалитети како „Frittatine di Pasta“ – пржени топчиња од тестенини, и свежата „Mozzarella di Bufala“, се деликатеси што не смеете да ги пропуштите.

За љубителите на слатките, Наполи нуди задоволства како „Sfogliatella“, крцкава пита со крем од рикота и лимон, како и „Baba al Rum“, десерт натопен во рум. Тука е и традиционалната супа од школки, „Zuppa di Cozze“, која ја отсликува морската традиција на овој град.

Топ 10 градови за храна според Taste Atlas:

  1. Наполи
  2. Милано
  3. Болоња
  4. Фиренца
  5. Мумбај
  6. Рим
  7. Париз
  8. Виена
  9. Торино
  10. Осака

Оваа листа покажува дека Италија доминира на глобалната гастрономска сцена, со дури шест градови во топ 10.

Ф.С.