четврток, декември 26, 2024
домаНасловнаВо Либан ден на жалост, а бројката на загинати надмина 100

Во Либан ден на жалост, а бројката на загинати надмина 100

Делови од Бејрут беа срушени на земја во вчерашната експлозија, а обемот на катастрофата најдобро се гледа во снимките од беспилотни летала. Улиците изгледаат како да паднала нуклеарна бомба врз нив. Во експлозијата загинаа најмалку 100 луѓе, а повредени се повеќе од 4.000.

Спасувачките екипи продолжуваат да ја чистат областа, бидејќи се верува дека има повеќе луѓе заробени под урнатините, пренесе ТАСС.

Моќна експлозија се случи синоќа во пристанишниот дел на Бејрут, во близина на поморската база, а детонацијата се чувствуваше и во населеното подрачје на либанската престолнина.
Детонацијата уништи или оштети неколку десетици згради и автомобили, а прозорците на зградите беа искршени во многу делови на градот.
Властите соопштија дека експлозијата е предизвикана од детонирање на 2.700 тони амониум нитрат, кој беше во складирање откако беше запленет во царината во 2015 година.    Ал.Н.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ