Најмалку 86 лица загинаа кога на езерото Викторија во Танзанија се преврте траект на кој се наоѓаа повеќе стотици луѓе, објавија локалните медиуми. Локалниот портал „Граѓанинот“ објави нов биланс на својата веб-страница, повикувајќи се на податоците на Џон Монгеле, регионален комесар на Мванза, каде што вчера се случила несреќата, објави Ројтерс.
Британската агенција наведе дека се плаши оти конечниот биланс на жртвите би можел да биде многу поголем. Монгела претходно изјавил за АП дека не може да шпекулира за бројот на патници на траектот, посочувајќи дека сето внимание се фокусирало на операцијата за спасување. Американската агенција забележува дека таквите траекти често се претоварени со неколку стотици патници.
Според првите проценки, траектот Нјерере превезувал повеќе од 300 луѓе, соопшти Ројтерс. На истото езеро во 1996 година, најмалку 500 луѓе загинаа во несреќа со траект, потсетува британската агенција.