вторник, ноември 26, 2024
домаНасловнаВо Полска протести против отфрлањето на Истанбулската конвенција

Во Полска протести против отфрлањето на Истанбулската конвенција

Илјадници луѓе протестираа во Варшава и другите градови во Полска во петокот против планот на конзервативната влада да се повлече од Истанбулската конвенција, меѓународен механизам за заштита на жените од насилство што Полска веќе го ратификуваше.

Усвоена во Советот на Европа во 2011 година, Конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство е првиот правно обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство.

„Започнуваме подготовки за повлекување (од конвенцијата)“, објави полската министерка за труд, Марлена Макијаг, минатата недела за ултракатоличкиот канал Trwam.

На покана на повеќе феминистички организации, демонстрантите прво се собраа пред седиштето на невладината организација за истражување и лобирање за „културен идентитет“, а која честопати е обвинувана за одбрана на „католички верски фундаментализам“, и подоцна се упатија кон седиштето на Министерството за труд.

„Престанете со насилството врз жените“, викаа тие, носејќи транспаренти со пораки како „Жените штрајкуваат“.

Слични протести се одржаа во околу 20 полски градови, вклучувајќи ги Гдањск, Катовице, Краков, Лоѓ и Познан, соопштија организаторите.

Полска го потпиша документот во 2012 година, и го ратификуваше три години подоцна, во време кога владееше центристичка коалиција. Актуелниот министер за правда, Збигњев Зибро, во тоа време ја нарече конвенцијата „изум, феминистичка креација која има за цел да ја оправда геј-идеологијата“.

Истанбулската конвенција предизвика контроверзии и во неколку други држави, исто така. Унгарскиот парламент ја отфрли конвенцијата во мај, а владата на премиерот Виктор Орбан верува дека „промовира деструктивна родова идеологија“ и „нелегална миграција“. Во март 2019 година, словачкиот парламент одби да ја ратификува Истанбулската конвенција со образложение дека ќе ја наруши уставната дефиниција на бракот како заедница на жена и маж. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ