Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите предизвикани од циклонот Борис во Централна Европа, а силно невреме сега и се заканува на Италија, каде е пронајдено телото на пожарникар кој исчезна во поплавата.
Во поголемиот дел од Италија се издадени предупредувања за силен дожд, ветрови и поплави, јави „Би-би-си“.
Веќе има извештаи за поплави во Пескара во централна Италија, додека италијанската метеоролошка служба предупредува дека невремето ќе го погоди северниот брег на регионот Емилија-Ромања.