Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последното деноноќие има 1295 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 3315 направени тестирања, 26 починати и 429 оздравени пациенти.
Најмногу новозаразени има во Скопје-539, Куманово-55, Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Охрид-26, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11, Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18.
Починати се 26 лица, од кои шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.
Досега во земјата се направени вкупно 283.085 тестирања на Ковид -19.
А. Н.