Снег врне на Витоша, пренесуваат бугарските медиуми. Дождот, кој не престанува да врне над Софија цел ден, се претвори во снег на високите места.
Снимките од видео камерите покажуваат како летаат снегулки. Сепак, сè уште не можеме да зборуваме за снежна покривка, се вели во информацијата што ја објави Нова.бг
Според временската прогноза за петок, на планините се очекуваат врнежи од дожд, а на снег над 2000 метри.
А.Н.