среда, декември 4, 2024
домаКујнаВо Виница разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19

Во Виница разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19

Во Виница е разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница.

ОД МВР известуваат дека на 11 ноември, по добиени сознанија дека лица од Виница, вршеле незаконска продажба на несоодветни  брзи тестови за детекција на вирусот „ковид-19“, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Виница извршиле оперативни проверки, при што е дојдено до сознанија дека лицата: В.П.(35) и М.А. (46) двајцата од Виница, заедно со правно лице од Виница нуделе и продавале несоодветни т.н. брзи тестови во врска со коронавирусот. Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело – “незаконито земање и користење на генетски и биолошки материјал“ казниво по чл.210-а од Кривичниот законик, со наредба од Јавен обвинител, бил извршен претрес во дом и други простории, при што во домот на В.П.пронајдени се седум кеси со натпис “Ковид Чек ТМ“ и едно шише од 2мл со течност со натпис „Буфер“, кои се одземени. До надлежното обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок, а и во наредниот период се преземаат мерки во врска со ваквите случаи, се вели во соопштението.

Министерот Спасовски упати апел до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ