Вонредна состојба стапува на сила во десет украински провинции на границата со Русија, прогласена по немирите меѓу руските и украинските војници во Керчки врати. Украинскиот претседател Петро Порошенко предупреди на заканата од тотална војна со Русија.
Русија, вели Петро Порошенко, драматично го зголемила военото присуство на границата. Украинскиот претседател исто така извести за големиот пораст на бројот на руски воени бродови во Азовското Море и зајакнувањето на руското воено присуство на Крим, украински полуостров на кој Москва го припои во 2014 година кон нејзината територија.
Ова е прв отворен конфликт помеѓу Москва и Киев по припојувањето на Крим и почетокот на вооружен конфликт меѓу украинската армија и проруските сепаратисти во источниот дел на земјата, во кој загинаа повеќе од 10 илјади луѓе.