домаНасловнаВоведени нови мерки во БиХ по рекордниот број заболени

Воведени нови мерки во БиХ по рекордниот број заболени

Кризниот штаб на Сојузното Министерство за здравство денеска одржа вонредна седница на која беа донесени нови мерки во Федерацијата БиХ по рекордните бројки, кога станува збор за дневните извештаи за заразените лица.

Според последната наредба издадена по денешната седница, задолжително е граѓаните на Федерацијата БиХ да носат заштитни маски на отворено, како што беше случајот со Сараевскиот кантон, пренесува Н1.

“Наредбите се пропишани за следните 14 дена. Ситуацијата значително се влоши. Видовме дека денешните бројки го покажуваат тоа. Инциденцата е 160, двојно повеќе од пред седум дена. Од денес, маските на отворено се задолжителни низ цела ФБиХ. Второ, баравме суспензија на ладни програми. Само итни случаи, случаи кои не можат да чекаат, другите ладни случаи треба да бидат прекинати. Наредивме сите болници во ФБиХ да ги стават на располагање своите капацитети од денес. Имаат 72 часа. Да се побара активирање на сите акредитирани лаборатории Во ФБиХ, кантоналните министерства се поканети да потпишат договори и да започнат со тестирање. Воведуваме нови антигенски тестови“, рече Горан Черкез, помошник министер за здравство на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Исто така, Кризниот штаб на Сојузното Министерство за здравство потсетува на мерките за лична заштита на кои строго треба да се придржуваат сите граѓани: носење заштитна маска, држење оддалеченост од два метра од другите луѓе, редовно миење раце, проветрување простории, избегнување собири и места каде се собираат голем број луѓе и намалување на социјалните контакти со други луѓе.

„Заедно, мора да се придржуваме до пропишаните мерки, бидејќи во спротивно може да дојде до натамошна ескалација на здравствената криза, загрозување на животот и здравјето на луѓето, но и огромни економски и социјални последици“, порачуваат оттаму.

Наредбата на кризниот штаб на Сојузното Министерство за здравство, која се применува од 16 октомври е обврзувачка за кризните штабови на кантонските министерства за здравство, здравствени установи и приватна пракса, како и за и правни и физички лица. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ