четврток, декември 19, 2024
домаЖивотЗдравјеВработени на дигестивната клиника ќе се тестираат за КОВИД-19, родилката од Куманово...

Вработени на дигестивната клиника ќе се тестираат за КОВИД-19, родилката од Куманово со влошена клиничка слика

На клиниката за дигестивна хирургија, еден вработен од техничкиот персонал соопштил за болни во неговото семејство кои не се потврдени за коронавирусот, поради што ќе се тестираат сите од семејството и неговите колеги на работа , соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Имаме пет починати пациенти на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). И уште еден еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години од Куманово- рече министерот Филипче.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени 4 пациенти, во моментов се хоспитализирани вкупно 67 пациенти, од кои 6 се на машина за дишење, 12 се со потешка клиничка слика.

-За жал има влошување на клиничката слика на родилката од Куманово, таа сеуште е независна од респираторна машина, но со значајно потешка клиничка слика, интензивно се прати нејзината состојба – рече Филипче.

Во болницата „8-ми Септември“ во СКопје хоспитализирани се 19 пациенти, од кои тројца се на респираторна машина, а 9 се со потешка клиничка слика. Во клиничката болница во Битола пристигнаа сите пациенти од Охрид, кои ќе лекуваат во овој регионален центар, рече Филипче.

Тој додаде дека во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, еден со средно тешка клиничка слика и тројца со лесна клиничка слика.

Министерот соопшти дека е направена посета на болницата во Куманово со оглед дека кај 18 вработени е дијагностициран вирусот КОВИД-19, затоа таму ќе работат и лекар од Штип и од Скопје, напаравена е реорганизација на работата,  најафектирано е инфективното одделение, а од 700 вработени има 80-тина кои се во самоизолација, по период на инкубација ќе бидат тестирани. Има доволно заштитна опрема, сите други одделенија функционираат норамално, соопшти Филипче.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти изнесува 599 лица. Во изминатите 24 часа се направени 386 теестови, и вкупно во земјава 5879 тестирања, од кои многу мал процент се пациенти кај кои имало потреба да се повтори тестирањето.  А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ