понеделник, ноември 18, 2024
домаНасловнаВраќање на Милчо Манчевски, мајсторот на филмот

Враќање на Милчо Манчевски, мајсторот на филмот

По светската премиера на „Врба“ во режија на Милчо Манчевски на 14. Филмски фестивал во Рим се огласи и светската критика.

Едногласни во ставот дека ова е величествен камбек на Милчо Манчевски, кого го споредуваат со Бергман и еден од најинтересните филмови на фестивалот и воопшто оваа година. Пасторална, митолошка и современа размисла за застрашувачката потреба да се биде мајка или татко со исклучителна режија и глума.

Ви пренесуваме мал дел од тоа што напиша критиката за Врба.

Италијанскиот Cinematographe меѓу другото вели:

Величествена македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли. Наратив кој – благодарение на неговата необична природа и развивањето на темите – е набиен со значење и религиозен/мистичен подтекст што на „Врба“ ѝ дава вкус на одамна поминати времиња на половина пат меѓу Бергман и Тар, бајка што боли на половина пат меѓу минатото и сегашноста. Режија што станува интимна и прецизна. Митолошки наратив меѓу бајката и сировиот реализам, со Љубовта како единствено решение за древните проклетства. Приказна која длабока го почитува животот и оние кои што се дел од него, силни жени и кревки мажи. Едно од оние дела кои е невозможно да минат незабележано, еден од најинтересните филмови на Римскиот фестивал и воопшто на 2019“.

(https://www.cinematographe.it/recensioni/romaff14-willow-recensione-del-film-di-milcho-manchevski/)

Asburymovies смета дека режисерскиот поглед на Манчевски е поуниверзален и посѐопфатен.

„Филмот на Манчевски го истакнува различниот начин на соочување со болката на трите жени. Наликува како да трите женски ликови се фази, еволуции на единствен женски лик кој минува низ катарза. Согласно неговиот начин на раскажување во слики, Манчевски во „Врба“ не оди во контемплација или естетско китење, напротив, ги потопува трите приказни во секојдневниот живот, буквално ги мие со кал, дожд и крв. Милчо Манчевски се враќа, неговиот поглед станал поуниверзален и посѐопфатен.“

(http://www.asburymovies.it/2019/10/19/willow/)

Tри приказни мајсторски поврзани.“

(https://news.cinecitta.com/IT/it-it/news/55/80112/milcho-manchevski-e-il-salice-della-vita.aspx)

Враќање на Милчо Манчевски, мајсторот на филмот.“

(https://www.sentieriselvaggi.it/willow-il-ritorno-di-milcho-manchevski/)

Европскиот филмски портал Cineeuropa го дефинира филмот како раскошен и комплексно комичен.

Манчевски, мајсторски ги вткајува во едно нишките на трите приказни, со повторување на мотиви и мали ишарети, кои гледачот може да ги толкува како што милува. Визуелно ова е раскошен филм… комплексно комичен.“

(https://www.cineuropa.org/en/newsdetail/380037)

Визуелно фасцинантен… емоционално трогателен“ се зборовите на Cinefilos и понатаму вели: „Трогателен портрет што нурнува во коренот на копнежот да се биде мајка, истакнувајќи значајна вистина, како во тематски сличниот филм „Крадци“ на јапонскиот режисер Хиракозу Коре-еда, добитникот на Златна Палма во Кан 2018. Иако се занимава со актуелни теми како вештачко оплодување, абортус, посвојување и сѐ друго што е поврзано со кревкиот свет на мајчинството, филмот го дарува задоволството да не суди за ништо од ова. Напротив.“

(https://www.cinefilos.it/tutto-film/recensioni/willow-milcho-manchevski-415078)

Letterboxd смета дека суштината на филмот се содржи во насловот и во прашањето што се поставува во даден момент: како да се љуби.

Дело кое не е директно и кое се сталожува по гледањето, речиси присилувајќи го гледачот да се наврати на некои делови за да го спознае длабокото значење.“

(https://letterboxd.com/mtonino/film/willow-2019/)

Магична визија на минатото чии фрагменти остануваат вплетени во сегашностаЕкспертско фотографско око, но уште повеќе занос за неговата татковина. И во планинските широчини до кај што допира погледот и во такси во Скопје останува сомнежот за проколнатоста.“

(https://ilmanifesto.it/la-vita-fiorisce-sotto-la-chioma-di-un-salice/)

Врба“ беше добро примен од италијанските критичари, кои го сметаат за една од најфасцинантните филмски продукции на Римскиот филмски фестивал.

(https://oranews.tv/article/nje-producent-shqiptar-ne-festivalin-nderkombetar-te-filmit-ne-rome#.Xa2wClu3SO9.facebook)

Каков величествен камбек! „Врба“ на Милчо Манчевски. Пасторална, митолошка и современа размисла за застрашувачката потреба да се биде мајка или татко. Очајничка, трагикомична бајка. Исклучителна режија и глума.

(Simona Nobile)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ