Враќањето на елитниот леб од Сицилија

0
46

Во последно време станува сè потешко да се најде вистински, домашен и свеж леб, каков што нашите баби го правеа речиси секој ден. Денешниот масовно произведен леб често е без вкус и нездрав, полн со разни додатоци, па многумина започнаа да го избегнуваат. Но, на Сицилија ситуацијата е сосема поинаква.

Локалните пекари и домаќинки на Сицилија се познати по тоа што произведуваат посебен, здрав црн леб наречен Tumminia. Овој леб, кој е лесен за јадење и уште полесен за уживање, полека се претвора во вистинска елитна деликатесна храна.

Tumminia е направен од древна посебна пченица која расте на плодни почви, богати со стари мелници и грчки храмови на Сицилија. Оваа житарка е симбол на егзотичното и културното наследство на овој регион.

Првично одгледувана во Месопотамија, покрај реките Еуфрат и Тигар, Tumminia пченицата била донесена на Сицилија од страна на Феникијците и Сарацените. Тие го научиле локалното население како да ја одгледува и обработува оваа житарка, која е многу хранлива.

Tumminia лебот е меѓу највкусните во светот. Мек, сочен, со крцкава кора и дискретен вкус на бадеми, овој леб е совршен за секоја трпеза. Неговата висока нутритивна вредност и леснотијата при варење го прават погоден дури и за луѓе со потешкотии при варењето на јаглехидрати.

Оваа житарка не бара пестициди и ѓубрива, бидејќи расте високо над почвата и е речиси имунизирана од плевел. Производството е целосно органско, без употреба на хемикалии, што ја прави оваа житарка идеален избор во глобалниот тренд на одржливост и зачувување на животната средина.

Посебно познат е Pane Nero di Castelvetrano, темен леб со оревест вкус, кој некогаш бил сметан за храна на сиромашните, но денес е ценет ширум светот поради својот уникатен квалитет и традиционалната подготовка.

Н.Д.