среда, ноември 20, 2024
домаВтора Нобелова награда за мир за НЧП

Втора Нобелова награда за мир за НЧП

ICAN_Nobel Price_2И Македонија е дел од Нобеловата награда за мир за 2017 година која ја доби Меѓународната кампања за отфрлање на нуклеарното оружје (ИКАН), коалиција на невладини организации во повеќе од 100 земји.  НВО – Новинари за човекови права од Македонија, е дел од работата на 468 -те организации кои успеаја да придонесат оваа година, Нобелова награда за мир, да дојде во вистински раце. Наградта ја добивме за десетгодишните напори во борба за забрана на нуклеарното оружје. Ова е втора Нобелова награда за НЧП, по првата од 1997, за борбата против нагазните мини.

ICAN_NAtasha
Наташа Доковска (десно) во Анкара, на регионална средба на ИКАН

Коалицијата чие име на англиски е „ICAN“: – „Јас можам“, официјално започна со работа во 2007 година во Австралија. Денес соработува со 468 невладини организации во 101 држава, а Новинари за човекови права се дел од регионалната канцеларија на ICAN Југоисточна Европа, со седиште во Белград и ги опфаќа Србија, БиХ, Македонија, Албанија Косово и други.

–  Наградата претставува заеднички влог на сите нејзини учесници кои изминативе десет години неуморно работеа на подигнување на свеста за злото што го носи нуеклеарното оружје. Тоа резултираше со донесување на Договор за забрана од ОН во Њујорк, а чие потпишување започна на 20 септември, оваа година. Македонија се уште го нема потпишано овој Договор. Потпишувањето е важно за светскиот мир – вели Филип Спировски, од НЧП.

ICAN_Nobel Price_1Македонија, заедно со другите земји од овој регион и светот, активно придонесува за борбата не само против смртоносните атоми, туку и против мините и касетните бомби. Новинари за човекови права  делува и во сферата на забрана на неконвенционалното оружје и опасностите од нагазни мини и касетна муниција – додава Спировски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ