четврток, јануари 16, 2025
домаНасловнаВучиќ херметички ќе ја затвори границата со Македонија ако навалат мигрантите

Вучиќ херметички ќе ја затвори границата со Македонија ако навалат мигрантите

Грчки специјални сили поставени на границата со Турција, утрово биле нападнати од димни бомби и солзавец, пипува Greek reporter. Според дописникот за грчки „Репортер“ во „Кастијанс“  станува збор за напад на очигледно координирани беспилотни летала распоредени од турската полиција за да им помогнат на мигрантите да ја преминат оградата долж границата.

Напнатоста кај Еврос следи по одлуката на Турција да не се придржува кон условите на договорот од 2016 година со Европската унија за запирање на илегалната миграција во Европа како замена за милијарди евра помош.

Оттогаш, илјадници мигранти се упатуваат кон турската граница со Грција, во надеж дека ќе преминат во Европа. Се калулира со бројка од околу 100 000 мигранти кои се подготвени да тргнат преку Грција кон Европа.

Оваа информација дополнително ја загреа предизборната кампања во соседна Србија. Претседателот Вучиќ ветувајќи им безбедност на сопствените граѓани од евнтуалниот наплив на бегалци од кај нас, најави дека Србија херметички ќе ја затвори границата. Тој вели дека Србија секогаш покажувала солидарност, но нема да дозволи, како што рече, неговата земја да биде „паркинг за мигрантите“.

“Да. Издадов налог до војската на Србија. Го замолив и Бирото за соработка со сите служби, МУП и Безбедносно информативната агенција, да ги подготват сите планови. На Владата исто така и наложив да ги подготви сите планови, доколку на кој било начин дојде до загрозување на националната безбедност и сигурноста на граѓаните на Србија, ние границите херметички ќе ги затвориме”

Владата на Србија информираше дека ќе има нулта толеранција за илегални преминувања на мигрантите. Вучиќ изрази надеж дека нема да дојде до радикален развој на настаните, но дека српските власти се подготвени за 12 часа целосно да ги спуштат рампите за мигрантите.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ