Обраќајќи се денес на јавноста, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави -„досега обезбедивме 1.800.000 дози вакцина за коронавирус за крајот на оваа и следната година преку системот Ковакс“.
– Во овој момент се чини дека ќе зборуваме за вакцината на фајзер-Бионтех. Преговараме и со кинески и руски партнери кои би можеле да достават вакцина. До крајот на јануари ќе се обидеме да обезбедиме доволно вакцини за здравствениот сектор, но и за армијата и полицијата, што би им ја олеснило работата – рече претседателот на Србија. Тој додаде дека веднаш по здравствените работници, полицијата и армијата, групата луѓе кои имаат најтешки заболувања, најстарите граѓани, па дури потоа средовечните и помладите ќе можат да се вакцинираат вакцината
Првите вакцини пред крајот на декември 2020 година.
– Во секој случај, ќе се потрудиме да обезбедиме што е можно повеќе вакцини и да ја прекинеме борбата против ковид 19 како една од најуспешните земји во Европа. Важна порака за граѓаните е дека првите вакцини во нашата земја ќе ги имаме пред крајот на декември – посочи претседателот Вучиќ.
Во меѓувреме српските емдиуми информираат дека од иднаат недела ќе пристигне и руската вакцина СПУТНИК, но се уште нема информации дали ќе бидат во продажба во аптеките или ќе бидат задолжителни. Ал.Н.