Велика Британија, а и светот во само неколку часа загуби два шампиона од светот на спортот. И двајцата не починаа од корона вирусот.
Прво стаса информацијата дека на 91-годишна возраст почина славниот возач во Формула 1, Стерлинг Мос, човек познат по прекарот „најдобар Ф1 пилот кој никогаш не бил шампион“.
До неговиот кревет, каде што тој почина, беше неговата сопруга, со која го дочекал Велигден на Грегоријанскиот календар, а таа за Дејли Меил изјави: „Тој почина како што живееше, изгледаше прекрасно“.
„Тој само се обидуваше да се бори против корона вирусот, но на крајот тој само ги затвори прекрасните очи, и тоа беше тоа“, додаде таа.
Стерлинг Мос доби инфекција на белите дробови за време на престојот во Сингарпур во декември 2016 година, по што помина четири месеци во болница. Ова му остави белег и тој оттогаш имал голем број на белодробни проблеми, но британските медиуми немаат потврда дека тој бил заразен со корона вирус.
По неколку час па стигна втората вест дека починал легендарниот голман на Челси, Питер Бонети. Тој почина на 78 години по долго боледување, пренесува Б92. Бонети беше sвезда на стрелците на Челси од 1960-тите и 1970-тите.
Беше познат под прекарот мачка, заради неговите одлични рефлекси. Тој има одиграно 729 натпревари за Челси во два наврати и е втор на вечниот список на клубот по број на настапи.
Само поранешниот капитен Рон Херис има повеќе игри од него, а Бонети го држеше рекордот за постигнати игри без примен гол до јануари 2014 година, кога неговиот рекорд го сруши Петр Чех.
– Позицијата на Питер Бонети во пантеонот на фудбалски богови на Челси е неостварлива. Тој беше „мачка“ што го скрши калапот, им пркосеше на шансите, ја заслужи поддршката на навивачите“, се вели во соопштението на Челси, пренесуваат британските медиуми.
А.Н.