сабота, јули 27, 2024
домаЗа Велигден и Рамазан Бајрам без полициски час, ќе работат терасите на...

За Велигден и Рамазан Бајрам без полициски час, ќе работат терасите на угостителски објекти

Предлог за нови рестриктивни мерки со почеток од среда, кои предвидуваат да работат само летните тераси на угостителските објекти, а полицискиот час да започне од 21 часот и да трае до 5 часот наутро, најави денеска министрерот за здравство Венко Филипче. За престојните верски празници за Велигден и Рамазан Бајрам да нема ограничувања во движењето, но угостителските објекти да затвораат во 20-20:30 часот, се дел од мерките кои утре ќе се разгледуваат на владина седница.

-Верските лидери земаа обврска црковните служби и молитвите да ги организираат надвор од верските објекти. Ова е состојба во која сите мора да сме исклучително внимателни. Таков начин на организација комбинирана со одговорност на граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките. Сите со сопствената одговорност, да покажеме дека можеме функционираме и во присуство на вирусот – рече министерот Филипче на денешната прес конференција.

Тој додаде дека комплетно се подготвени спортските сали за масовна вакцинација во Охрид и во Штип. Денеска завршува подготовката на салата во Битола, а во Кавадарци, Тетово и Куманово ќе бидат завршени до крајот на оваа недела, по што ќе следува и масовна имунизација со кинеските вакцини кои треба да пристигнат по Велигден.

-Вакцинацијата на територијата на цела држава се одвива без проблем. Во А1 СЦ Борис Трајковски во тек е ревакцинација на првата група вработени во критичната инфраструктура – додаде Филипче.

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, посочи министерот за здравство. Како што прецизира, бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво. Епидемиолошката состојба се смирува, но останува да се почитуваат мерките за заштита. А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ