Кризниот штаб на Србија денеска донесе Одлука странските државјани ќе можат да влезат во Република Србија под два услови – негативен ПЦР тест за коронавирус не постара од 72 часа и потврда издадена од комисија составена од претставници на Министерството за здравство, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, Министерството за надворешни работи и Министерството внатрешни работи.
Од друга страна, сите странци кои доаѓаат, а немаат доказ дека го направиле тестот и се сунгитативни, ќе мора да одат во изолација.
Србија ќе направи тестови за секој што ќе го побара тоа, а тие ќе бидат направени исклучиво во државните лаборатории, а цената ќе биде околу 60 евра.
Ова се правилата што ќе важат до 31 мај, а потоа постои можност тие да бидат порелаксирани велат од Кризниот штаб на Србија. Од 1 јуни Србија ги отвора границите со 4 соседни земји. меѓу кои и со нашата држава.
Н.Доковска