среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗабрана за гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти

Забрана за гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти

Комисијата за заразни болести на Владата вечерва ќе и предложи неколку нови мерки, кои се очекува да бидат прифатени со цел да се влијае на ублажување од ширењето на корона вирусот.

Како резултат на непреченото работење на кафулињата и рестораните, како и забавите кои се прават во нив, прво ќе се бара да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти. Исто така, се бара работното време да се почитува, до 12 часот во работни денови и до 1 часот на полноќ за викенд.

Министерот Филипче во изјава за Телма кажа дека ќе предложат да се намали дозволената гласност на музиката и да се ограничува до 55 децибели, да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4.

На овие предлози реагираат угостителите кои бараат сите да не бидат ставени во ист кош, бидејќи какошто велат голем дел од нив ги почитуваат протоколите и не сакаат да ги трпат последиците поради некои кои не почитуваат.

Ал.Н.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ