понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаЗабраната за движење ја прекршиле 66 лица, приведени се 37

Забраната за движење ја прекршиле 66 лица, приведени се 37

Забраната за движење од 21 до 05 часот не ја почитувале 66 лица при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Во изминатите 24 часа (25/26.03.), според евиденцијата на МВР, на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ