Ѓумбирот содржи специјални фитонутриенти, џинџероли, кои имаат силни антиинфламаторни својства и го забрзуваат дигестивниот систем. Во комбинација со лимонот врши силна детоксикација, а тука е и моќната куркума …
Подготовка:
Ставете една и пол чаша вода во сад за готвење, лажичка куркума и лажичка ѓумбир во прав. Ако немате ѓумбир во прав, можете да изрендате свеж. Промешајте, покријте и оставете да вари 5 до 10 минути.
Сварениот напиток процедете го и турете повеќе од половина чаша, почекајте да се олади и додадете половина исцеден лимон во чашата. Засладете го напитокот со една лажичка мед. А.Р.