Најмалку 30 лица загинаа во пожар во клиника за лекување наркозависници во главниот град на Азербејџан, Баку. Ова го објавија азербејџанската агенција АПА и руски Интерфакс, пренесе АНСА. Ројтерс јави, цитирајќи извор во азербејџанското Министерство за здравство дека најмалку 26 лица загинале во пожарот.
Деталите не се познати. Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев замина на местото на несреќата. Во пожарот има и повредени. Локалната агенција АПА јави дека жртвите биле пациенти кои биле врзани и не можеле да избегаат од пожарот.
Азербејџан, малата земја на Кавказ, е добро позната по неколку слични трагедии на пожари во станбени згради и возила од градскиот сообраќај. Во мај 2015 година, 15 луѓе загинаа во пожар во повеќекатница на периферијата на Баку, додека 289 лица загинаа во 1995 година во голем пожар во подземното метрото во главниот град.