Загреб го потресе умерен земјотрес во понеделникот вечерта во 2:37 часот после полноќ. Потресот можеше да се почувствува неколку секунди во скоро сите делови на Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.
Тоа е, најверојатно, уште еден во низата придружни удари по големиот земјотрес што ја погоди хрватската престолнина на 22 март.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) го објави првиот извештај за јачината само околу час и половина по земјотресот – тие наведуваат дека бил 2,2 и дека епицентарот бил на 2-3 километри североисточно од градот, во областа Кажина, пишува „Јутарњи“.
Хрватската сеизмолошка служба сè уште нема објавено податоци за потресот на своите официјални канали, а со првата проценка на магнитудата, интересно, се јави Црногорскиот институт за хидрометеорологија и сеизмологија, чии сеизмолози забележаа прелиминарна магнитуда од 2,9. А.Н.