Правилната исхрана може целосно да го заштити организмот и да не заштити од вируси, бактерии и инфекции, а во овој период, силен имунитет е приоритет. За да може телото да се бори против вируси и бактерии, потребно е што е можно повеќе да се зајакне одбранбениот систем. Овие 4 намирници, доколку се јадат редовно, можат да го заштитат целото тело.
Збирот на витамини и минерали што ги содржат ги прави најдобрите борци против настинките и вирусите. Бидејќи панемијата на корона вирус е во полн ек, проверете дали оваа храна често е на вашата трпеза:
- Лимон
Добро е познато дека лимонот е најдобриот извор на витамин Ц, и токму овој витамин игра клучна улога во зајакнувањето на имунитетот. Витаминот Ц е најмоќниот антиоксиданс во природата, а доволно е само една чаша сок од лимон да го зајакне организмот и да му даде сила. Многу истражувања докажаа дека овој витамин значително го скратува периодот на настинка, затоа пијте чаша топла вода и малку лимон секое утро.
- Лук
Лукот се користи во народната медицина уште од античко време, а опсегот на лековити својства е навистина широк. Лукот има својства на зајакнување на имунитетот и затоа може да биде корисен во борбата против разни инфекции. Кога 146 возрасни биле поделени во две групи во текот на 12 недели, на првата група им бил даден лук, а на втората плацебо. После тоа, забележано е дека оние кои земале лук, добро се спротивставуваат на настинки и вируси. Во друга студија која вклучувала употреба на АГЕ (екстракт од лук), забележано е дека испитаниците биле помалку болни, но исто така користеле и помалку боледување.
„Овие резултати сугерираат дека додатоците на АГЕ може да ја подобрат функцијата на имуните клетки и се делумно одговорни за намалување на тежината, настинки и грип“.
3. Брокула
Брокулата е премногу богата со есенцијални витамини и минерали кои го чуваат целосното здравје на луѓето. Една чаша сецкана брокула му обезбедува на организмот дури 135 проценти од препорачаната доза на витамин Ц и 116 проценти витамин К.Поради богатиот состав, таа е одлична за зајакнување на имунитетниот систем. Покрај зајакнување на имунолошкиот систем, брокулата е одлична и за заштита на белите дробови.
Една студија објавена на Клиниката за имунологија во март 2009 година заклучи дека сулфорафан, молекула што се наоѓа помеѓу изотиоцијанати, може да заштити од респираторни воспаленија кои предизвикуваат астма, хронични болести на белите дробови и други респираторни проблеми.
- Праз
Празот е богат со манган, железо, фолна киселина, витамини Ц, Б6 и Е, благодарение на што успешно го отстранува зимскиот замор и го зајакнува имунитетот многу брзо. Помага при настинки, го штити организмот од инфекции и слободни радикали. А.Н.