„Претседавачот Талат Џафери за денеска 21 август 2020 година, во 12 часот го закажа продолжението на Првата-Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од Собранието.
Како што се дознава, новото парламентарното мнозинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со Беса, ДУИ и ДПА, имаат поднесено предлог за избор на Џаферисо потписи од сите 62 пратеника, со кои располагаат овие партии.
За избор на Претседател на Собранието потребно е мнозинство од најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници во собранието, кој изнесува 120.
Н.Д.