сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЖивотна срединаЗавршен проектот -  ''Животната средина те менува - набљудувај, проучувај, истражувај''

Завршен проектот –  ”Животната средина те менува – набљудувај, проучувај, истражувај”

Здружението  за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес, ЗЕОООП – Скопје, го спроеведе проектот  ”Животната средина те менува – набљудувај, проучувај, истражувај” кој е финансиран и поддржан од Општината Кисела Вода, и беше во времетраење од шест месеци. Целта на проектот беше едукација на наставниците од ООУ ”  Кузман Јосифовски Питу ” за предизвикот – еколошко образование.

Преку овој проект наставниците од таргетираното училиште се стекнаа со подобрени капацитети за застапување и мобилизација за прашања во врска со Климатските промени, потребното знаење за поимот и проблемите со Климатските промени, како и практични вештини кои се пренесени на учениците преку активности. Други активности кои ќе влијаат на поттикнување на наставниците, но и на учениците за оваа тема  се разубавени и раззеленети средината и просторот на училиштето, каде што преку естетски уредените ѕидови цело време ќе се потсетуваат учениците за поддигнување на свеста за Климатски промени.

Преку проектот има подигната свест за активностите на учениците, наставниците и родителите и локалното население од областа на Климатските промени во ООУ ” Кузман Јосифовски Питу”, како и сите останати Општински Училишта на територија на Општина Кисела Вода.

Имајќи ја предвид потребата од континуирана едукација на темата  училиштата во општина Кисела Бода добија  прирачници за „Правата за здрава животна средина“ , што треба да им биде водич во подготвување на часовите.

Завршната манифестација беше подготвенна на виртуелен начин, се со цел проектот да има поголема видливост, а може да се види на страната на училиштето ” Кузман Јосифовски Питу”, на фб страната на здружението ЗЕОООП – Децкологија, и споделена од секој родител чие дете зазема учество на манифестацијата, како и наставниците ментори .

овозможува едукација и проучување за важноста на образованието за животна средина и модернизација во образовниот процес, од гледна точка на социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичниот однос помеѓу човекот и неговата околина.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ