петок, декември 20, 2024
домаЗаврши потрагата по исчезнатиот Александар Јошевски, за жал со трагичен исход

Заврши потрагата по исчезнатиот Александар Јошевски, за жал со трагичен исход

Александар Јошески од Прилеп кој од семејството беше пријавен за исчезнат на 21.02, за жал, синоќа беше пронајден починат.

Информацијата на Фејсбук ја објави и неговата ќерка, која и апелираше заедно со поширокото семејство за неговото пронаоѓање, но потрагата за жал заврши со негативен исход.

-Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас, напиша Ана Марија Јошеска на својот фејсбук профил.

Исчезнувањето беше пријавено во полиција, се споделуваа апели на социјалните мрежи и во медиуми, а профилот за исчезнатиот беше објавен и на страницата „Најди ме“ за алармирање за исчезнати лица од каде е отстранета по информацијата дека завршила потрагата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ