Трите најголеми мобилни оператори во Кина неодамна на заедничка онлајн конференција за медиуми најавија пуштање во употреба на нова услуга, 5G пораки.
Овие пораки треба да бидат надградба на познатите СМС пораки, кои на корисниците ќе им донесат нови можности за користење.
Така, 5G пораките ќе го укинат ограничувањето на должината односно бројот на буквите, и ќе обезбедат поддршка за испраќање на различни формати, пренесе „GizChina“.
Корисниците преку 5G пораки, покрај стандардниот текст, ќе може да испраќаат фотографии, аудио и видео клипови, емотикони, контакти и друга содржина и ќе бидат достапни во онлајн и офлајн режими на работа.
Не се знае многу за новите пораки, но на прв поглед се чини дека тие ќе бидат некаква унаредена вааријанта на пораки што ги интегрира можностите на тековните СМС и ММС пораки и, веројатно, нуди и некои дополнителни опции. А.Р.