Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди филипинскиот остров Лузон, соопшти Американскиот геолошки институт, предизвикувајќи голема штета на болница и неколку згради на северот на земјата. Најмалку четири лица загинаа, а 60 се повредени.
Во земјотресот се оштетени 173 згради, а пријавени се 58 одрони, изјави директорот на филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, Ренато Солидум, кој исто така рече дека се очекуваат силни последователни потреси. Солидум додаде дека земјотресот бил предизвикан од движење на земјата во локален расед на длабочина од 25 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 11 километри југоисточно од градот Долоре и на длабочина од 10 километри, јавува Танјуг.
Според извештаите на локалните власти, болница во провинцијата Абра била евакуирана откако дел од зградата се урнал, но немало повредени.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, кој ја презеде функцијата пред помалку од еден месец, планира да отпатува во Абра за да се сретне со луѓето погодени од земјотресот и со локалните власти.