четврток, декември 19, 2024
домаЗемјотрес со јачина од 7,2 степени во Тајван, најсилен во последните 25...

Земјотрес со јачина од 7,2 степени во Тајван, најсилен во последните 25 години однесе 9 жртви

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди популарниот туристички град Хуалиен, на источниот брег на Тајван, бројот на жртвите според Националната агенција за пожари на Тајван се искачи на девет, а уште 882 се повредени, пишува Гардијан. Во најсилниот земјотрес што ја погодил земјата во последните 25 години беа оштетени згради и заробени луѓе во последователни потреси.

„Јунајтед дејли њуз“ објави дека тројца планинари загинале од паѓање на карпи во националниот парк Тароко, а возач на комбе загинал во истата област откако камења удриле во неговото возило, пренесува АП.

Според извештајот на Асошиетед прес, Националната агенција за пожари на Тајван потврдила дека 70 рудари се заробени во два рудници за јаглен во округот Хуалиен. Шеесет и четири беа заробени во еден рудник, а шест во друг, пренесе Н1.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ