Земјотрес со јачина од 5.2 степени по Рихтеровата скала претпладнево, во 11:01 часот ја затресе Албанија, а се почувствува и во Македонија, посебно во западниот дел од земјава.
Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри северозападно од главниот град Тирана, а се почувствувал ширум соседството, во Македонија, Црна Гора и Косово.