Министерот за здравство Венко Филипче информира дека е зголемен бројот на термини за вакцинација против сезонски грип.
Тој информира дека вакцинацијата се одвива во 6 скопски поликлиники, и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.
„Мој термин утрово отвори 1800 термини за Скопје за период од една недела, почнувајќи од денеска, петок, понеденик, вторник и среда, а попладнево ќе се пуштат уште дополнителни 1080 термини за деновите – сабота, четврток и петок. Дистрибуцијата по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинација.„ се вели во информацијаат споделена од министерот Филипче.
А.Н.