понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотЗголемете го вашиот деловен успех со Daibau.mk: Интервју со основачот, Мартин Пелцл

Зголемете го вашиот деловен успех со Daibau.mk: Интервју со основачот, Мартин Пелцл

Во динамичниот свет на градежништвото, каде дигитализацијата незапирливо се шири, платформата Daibau им нуди на изведувачите и давателите на услуги во областа на градежништвото и реновирањето можност да го прошират својот досег и да најдат нови проекти. За да разбереме како Daibau им помага на изведувачите и понудувачите да го зголемат деловниот успех, разговаравме со Мартин Пелцл, архитект, директор и ко-основач на Daibau International d.o.o. Мартин и неговиот деловен партнер, Грегор Чернелч, ја препознаа потребата за потранспарентна врска помеѓу градежниците и клиентите, што доведе до создавање на платформата Daibau. Ова интервју открива како платформата работи во корист на изведувачите и понудувачите, која нуди уникатни карактеристики за да ја зголеми нивната видливост и како им овозможува да се истакнат на конкурентниот пазар.

Како точно функционира платформата Daibau за новите корисници и кои уникатни карактеристики ги нудите за да им помогнете на градежниците да го зголемат досегот и да добијат повеќе проекти?
Платформата Daibau е точка на контакт за давателите на услуги и изведувачи,
како и за оние кои бараат такви услуги. Наша задача е да го поврзуваме
соодветниот изведувач или понудувач со клиенти кои оставаат барање на
платформата и во исто време гарантираат дека барањата што ги добиваме се
квалитетни, точни и навремени. Изведувачите и понудувачите можат да допрат до
нови, потенцијални клиенти преку дневни или неделни известувања, всушност,
редовно следење на тековните барања.
Наша задача е да го поврземе соодветниот изведувач или понудувач со клиенти
кои оставаат барање на платформата и во исто време да се погрижиме барањата што ги добиваме да бидат квалитетни, точни и навремени.

Кои се клучните придобивки што ги нуди Daibau на своите регистрирани корисници и како овие поволности го зголемуваат нивниот бизнис?
Од самиот почеток, нашата цел беше да развиеме платформа која ќе биде лесна
за употреба и ќе им помогне на градежниците со кои градиме долгорочни
партнерства веќе десет години. Ние обезбедивме моментален пристап до нови
деловни можности со само неколку кликања, од удобноста на канцеларијата
или од терен. Постојано напредуваме, а конкуренцијата не следи и имитира. Ние
нудиме бесплатна пробна верзија на нашите услуги на сите проверени градежници
за да ги запознаат со основите на нашата работа. Секако, нудиме клучни
предности за претплатниците, како можност за инстант контакт со клиентот,
поголема видливост онлајн и во содржината, додека секако разликата помеѓу
бесплатните и платените пакети е многу поголема.

Како градежниците можат максимално да ја искористат функционалноста на платформата Daibau за нови клиенти и проекти?
Изведувачите или давателите на услуги можат максимално да ја искористат
функционалноста на системот со купување на претплатнички пакет. Нашите
претплатници, всушност, клиентите, ги информираме приоритетно за тековните
барања. Ги информираме преку е-пошта и преку нивните профили. Доколку
нашите претплатници сакаат да бидат уште поагилни, достапна е мобилна
апликација, бидејќи тие имаат пристап до нови барања веднаш штом ќе ги
провериме и потврдиме. 
Изведувачите или давателите на услуги можат максимално да ја искористат
функционалноста на системот со купување на претплатнички пакет. Нашите
клиенти ги информираме за актуелните барања приоритетно.

Можете ли да го опишете целиот процес од примање до обработка на барања на Daibau.mk? Како овој процес ја олеснува комуникацијата помеѓу градежниците и потенцијалните клиенти?
Кога клиентите испраќаат барање преку онлајн формулар, нашите вработени го
обработуваат. Тие ги проверуваат контакт податоците на клиентот, сериозноста на
барањето и други релевантни информации за спроведување на работата. Во
повеќето случаи ги повикуваме самите клиенти за дополнителни појаснувања,
бидејќи тие во главно оставаат штури информации во барањето. Во наш интерес
изведувачите/понудувачите да добијат што е можно повеќе информации со
цел веднаш да проценат дали одредена работа им е интересна или не. Врз основа
на избраните, соодветни категории, го потврдуваме барањето и ги известуваме
релевантните изведувачи/понудувачи. 

Кои специфични предности ги нуди Daibau во однос на другите слични веб сајтови и како тоа влијае на новите корисници да ја изберат платформата?
Најпрво, би сакал уште еднаш да нагласам дека ние не им диктираме или
наметнуваме на изведувачите или понудувачите одлуката со кои клиенти треба да
контактираат, туку тие при изборот имаат одврзани раце. Во пракса, тоа значи
дека нашите изведувачи, односно понудувачи, можат бесплатно да ги видат сите
прашања и информации за некој проект, но ќе треба да платат само доколку
сакаат да стапат во контакт со тој клиент. Доколку проектите се премали,
преголеми или поради некоја друга причина не сте заинтересирани, не ве чинат
ништо.
Нашите изведувачи и понудувачи можат бесплатно да ги видат сите прашања и
информации за поединечни проекти, но ќе треба да платат само ако сакаат да стапат во контакт со одреден клиент.

Како Daibau обезбедува техничка поддршка на своите корисници и како тоа влијае на нивниот секојдневен бизнис?
За компании и поединци кои ги имаме во нашата база на податоци, достапни сме
по телефон или е-пошта. Им помагаме за секој проблем во системот, како и за
прашања поврзани со конкретна работа или конкретен клиент. Комуникација со
компании ни е многу важна, бидејќи само така можеме да им доставиме
релевантни проекти. 

Како Daibau се грижи за квалитетот и доверливоста на своите изведувачи и добавувачи и кои механизми постојат за одржување на високи стандарди?
Со цел да се постигне најдобар можен квалитет и поголема доверливост на
изведувачите, односно понудувачите, ние редовно ги следиме реакциите и
повратните информации од клиентите, нивната деловна и финансиска состојба.
Во случаи кога добиваат лоши оценки или прават сериозни грешки при
спроведувањето на проектот, го отстрануваме изведувачот или давателот на
услугата од платформата на Daibau и го спречуваме нивниот понатамошен
пристап или учество. На овој начин, гарантираме дека клиентите им веруваат на
градежниците на платформата и се грижиме за доброто име и угледот на сите
наши лојални и квалитетни партнери.

Како Daibau им овозможува на мајсторите и компаниите да се издвојат од конкуренцијата и како можат да го користат својот профил на платформата за максимална видливост?
Секоја компанија регистрирана во нашиот систем има свој профил – таму можат да
напишат нешто за компанијата, нивната визија, историја и со каква дејност се
занимаваат. Компаниите имаат и можност за поставување референци, што ги
доближува до клиентите, бидејќи на овој начин можат да ги претстават проектите
што ги реализирале. Покрај презентацијата, на својот профил собираат и
коментари на клиентите со кој работеле.

Кои алатки и карактеристики обезбедува Daibau за да помогне во управувањето со проекти и да комуницира со клиентите за да ги олесни секојдневните операции?
Изведувачите и понудувачите можат да ги следат барањата на три различни
начини. Изведувачите, односно понудувачите можат да го повикаат клиентот по
телефон или да воспостават комуникација директно преку нивниот профил,
користејќи „чат“ на страницата и мобилната апликација, каде тие можат да
добијат повеќе информации за самото барање, пред да одлучат да
контактираат директно по телефон.
Изведувачите можат да ги следат барањата на три различни начини – преку
дневни или неделни е-пошта, својот профил и мобилна апликација.

Како Daibau придонесува за подобрување на репутацијата и доверливоста на мајсторите кај потенцијалните клиенти?
Голем број посетители кои наидуваат на системот Daibau не ја познаваат многу
добро областа на градежништвото и честопати имаат потреба од основни совети
во врска со вистинските опции за извршување на работата. Информациите за
компаниите во јавните досиеја за нивните активности се прилично оскудни и
честопати не ја одразуваат вистинската слика. Кога компаниите можат точно да
ги претстават своите активности, тоа секако придонесува за препознатливост,
што може да се одрази на угледот и сигурноста преку квалитетна работа.

Како можат мајсторите да ги користат повратните информации од клиентите и прегледите на Daibau.mk за да ги подобрат своите услуги и да го зголемат задоволството на клиентите?
Секој клиент кој поднесува барање на платформата има можност, по
завршувањето на работата поднесе оценка на компанијата. Изведувачите и
понудувачите кои напорно работат и се посветуваат на својата работа, како во
однос на ставот, така и според квалитетот на самите работи, добиваат многу
позитивни коментари. Овие оценки се собрани на нивниот профил и се видливи за
посетителите на веб страницата. Во секој случај, луѓето почесто избираат
компанија со голем број коментари, т.е. позитивни оценки, отколку компанија со
само неколку или никакви коментари.
Секој клиент кој ќе поднесе барање на платформата по завршувањето на работата
има можност да поднесе оценка на компанијата. Изведувачите и понудувачите кои
напорно работат и се посветуваат на својата работа, како во однос на ставот, така
и според квалитетот на самите работи, добиваат многу позитивни коментари.

Како Daibau се справува со предизвиците како што се несериозни барања или конфликтни ситуации помеѓу изведувачите и клиентите?
Системот Daibau не влегува и не се меша во односот воспоставен помеѓу клиентот
и компанијата. Сите договори во однос на условите, гаранциите и плаќањето
се индивидуална работа, исклучиво помеѓу клиентот и компанијата. Поради
оваа причина, решавањето на потенцијалните спорови меѓу нив е исто така само
нивен проблем. Тоа не значи дека не даваме поддршка. Во секој случај,
апелираме до клиентите, а исто така и до компаниите, да ги решат работите брзо
и ефикасно, дури и ако тоа понекогаш значи да се направи чекор назад. Доколку
забележиме дека се јавуваат проблеми со истите клиенти или дека компанијата не
работи добро, се оградуваме од нив и во иднина повеќе не соработуваме со нив.

Кои се плановите за платформата Daibau и како овие планови ќе имаат корист од сегашните и новите корисници?
Развојни проекти има многу, но тие засега треба да останат тајна. Многу од
нашите активности во моментов се насочени кон подобрување на употребливоста
на платформата и за инвеститорите, односно за барателите и за мајсторите. Веќе
неколку години, бележиме висок раст на побарувачката на сите наши пазари, а
нашата цел е да станеме водечка платформа за поврзување на градежниците и
инвеститорите во сите овие региони во наредните години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ