четврток, ноември 21, 2024
домаЖивотЖените посклони кон „епизодно пиење“

Жените посклони кон „епизодно пиење“

Жените се повеќе склони кон „епизодно пиење“, барем според експертите, наведувајќи дека тие повеќе уживаат во алкохолот заради хормоните.

Варијабилното ниво на женскиот хормон естроген реагира на алкохолот со активирање на допамин, хемикалија која се ослободува во мозокот и ве тера да се чувствувате добро. Студијата спроведена на лабораториски глувци открила дека припадниците на женскиот пол затоа повеќе уживаат во алкохолот.

Од друга страна, кога рецепторите на естрогенот се намалуваат кај жените, уживањето е исто така намалено.

Жените консумираат помалку алкохол од мажите во текот на животот, но некои податоци покажуваат дека поверојатно е дека имаат проблем со алкохолот, пишуваат британските медиуми. Затоа, тие се повеќе подложни на болести кои се поврзани со прекумерно конзумирање алкохол.

Американски истражувачи од Универзитетот во Илиноис велат дека хормоналните разлики меѓу мажите и жените се веројатно причината зошто жените почесто злоупотребуваат алкохол.

„Ако алкохолот се консумира прекумерно во период кога нивото на естроген е покачено, тоа може да придонесе за здравствени ризици, но и на веројатноста за развој на сериозни проблеми во консумирањето алкохол, односно алкохолизам“, вели психијатарот Ејми Ласек. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ