недела, ноември 17, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Брза помош за жени-жртви на насилство!

Женски приказни: Брза помош за жени-жртви на насилство!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Кога се случува физички напад на жена во едно семејство, на работа или на друг простор, и кога повредите се од телесен карактер, повикот на Брзата помош е неопходен. Тој број е 194! Да повториме- 194!

Не би тврделе со сигурност дали и колку се експедитивни, дали во рамките на брзата помош има посебна служба определена да интервенира при телесни повреди од семејно или друг тип на насилство врз жена, дали има доволно амбулантни возила, од причина што одговор на наши прашања, пратени по мејл до Министерство за здравство, не добивме.

Но, еве за споредба сознанијата кои ги добивме лично од лекар на брза помош од Португалија, како и одредени информации од Швајцарија и Малта.

-Јас сум лекар ангажиран во службите за итна помош. Кога се случува семејно насилство, односно кога работите на вонредна ситуација, веднаш реагираме. Праќаме возило во истиот момент, ја посетуваме жртвата и ја носиме во болница. Јас како доктор го пријавувам тоа веднаш. Имаме специјален формулар, кој треба да се ​​пополни и да се испрати на суд. Во Португалија тоа е така. Мажите одат на суд по семејно насилство, затоа што жената е мошне заштитена од државата.

А како се одвива давањето на  прва помош, докторот од Лисабон, кој патем е познат хуманист и учествувал и во спасување на жртвите во кулите близначки во Њујорк, вели:

-Морам прво да пријавам во полиција и да направам целосна медицинска евиденција на компјутерот, да ги прегледам и снимам сите нејзини телесни повреди  и психички трауматски нарушувања. Тоа е неопходно пред да се даде понатамошен лекарски третман и прва помош. Имаме формулар кој се пополнува и оди во државниот судски оддел. Податоците од овој  формулар остануваат во базата на податоци во болницата засекогаш, и судот може да се консултира во секое време со нас, односно да го прегледа тоа што е запишано во базата на податоци. Во мојата земја, Португалија, не се сокрива домашното насилство, а жената добива многу добра заштита, ни кажува докторот, кој вели дека воопшто не е пријатно да се работи на вакви случаи, но е мошне хумано и се помага на жената во неволја.

Слично е во Малта. Таму жените имаале дури и поголеми права од мажите, и не само што најригорозно се казнува дури и обид за телесен напад, се казнува и вербален напад. Во случаи на насилство, брзата помош веднаш реагира.

Во Швајцарија  доколку маж нападне жена, службите веднаш ја хоспитализираат, а него веднаш го апсат.

Во Македонија, не е така, а патем, дури и сеуште не се зборува за домашно насилство, и насилство врз жена. Често пати дури и кога жената ќе се пријави во болница за лекување со повреди, таа не ја кажува точната причина зошто е удрена, често лаже дека вратата случајно ја удрила или врз неа паднал некој предмет. Нерасчистен остана и случајот со физичкиот напад на висок функционер врз жена полицајка на службена должност, за кој во јавноста се крена голем прав.

-Неодамна соседите беа казнети за неправилно и самоволно бојодисување на зградата, во кое за малку ќе го изгубев животот од алергии и опстукции. Откако екипа на општината утврди неправилности и ги казни со парична казна, која повторно ја платија од заедничкиот резервен фонд, а требаше од нивни џеб. Се собрале тие неколку проблематични соседи, давале идеи за одмазда зошто сум ги пријавила, па дури и еден сосед кој е не е омилен меѓу луѓето, дал идеја да ме фрлат во контејнер и да ме затрупаат. Во други земји досега ќе беа зад решетки за ваква омраза, и кривично дело во најава, за жал кај нас и по пратен мејл службите не регираа – е изјава на жртва која се чувствува мошне испаничено и живее од постојан страв од можен напад на агресивните соседи.

Службите за безбедност (192) и Брзата помош (194) мора секогаш брзо да реагираат. И во најава, и при дело. Тие треба да обезбедат ако е потребно и специјални служби само за тоа. Не работат ни  броевите за помош, за пријавување на насилство кои некогаш ги истакнале невладини организации, а можете да ги најдете на гугл. Нема ни доволно возила за брза помош. На тоа често се жалат граѓаните. Затоа неодамна со силна и масовна иницијатива се побара од годинешната евровизиска претставничка да се откаже од учество на Евровизија, а со тие пари, кои ете можеби би помогнале и да се спаси нечиј човечки живот и здравје, како и животот и здравјето на некоја жена, жртва на насилство. Според некои информации, такви возила чинат до 60.000 евра, односно 70-80.000  евра доколку е целосно опремено и oд ренoмирaн бренд, а кај нас и тоа како е потребно.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDPТекстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ