понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Децата може да бидат медијатори меѓу родителите

Женски приказни: Децата може да бидат медијатори меѓу родителите

Валентина Ѓоргиевска Парго

Родителите се тие кои биолошки и природно и ја имаат улогата на воспитувачи чувари на своите деца,но во многу случаи и децата се тие кои свсно или несвесно ја превземаат улогата на медијатори кога бракот на радителите почнолнува да се распаѓа.

-Застанувавмеѓу мајка ми и татко ми за да ја одбранам од неговите шамари,беше една од вистинските и искрени исповеди на една млада жена,што ја интервјуиравме. Неодамна, таа низ солзи се отвори во исказот дека на тој начин сакала да ја одбрани мајка си од физичката болка што и ја нанесувал татко и, смело и инстинктивно реагирајќи,н помислувајќи дури ни за можните последици и фаталност од некој шамар кога неконтролирано би летнал и кон неа.

Вакви ситуации се чести во семејствата, штом забележат дека татко им физички се нафрла на мајка им, да се исправат пред неа и да ја бранат,  што многупати и ја разгорува уште повеќе ситуацијата. Уште повеќе го разгневува едниот родител, кој на тој начин се чувствува изневерен што не ја добил поддршката од децата. Децата може да послужат како медијатори во нарушените брачни односи и да одиграат голема улога. Но, кога веќе летаат шамари е доцна. Треба многу пред тоа. Со постојан и отворен тивок разговор со обата родители,за да им укажат каде грешат,она што напати тие не може да го согледаат.

Физичките насилства и напади не се смислени и планирани,тие се изблик на момент. Реакција која пламнува во секунди. Која го распалува фитилот.Физичките пресметки со родител,во одбрана на мајката која е жртва на насилство,исто така не може да вродат со плод и позитивен исход. Добиваме уште една исповед:

– Малку е да се каже дека страдав до болка поради тоа што татко ми ја тепаше мајка ми. Станав чуден уште на мои седум-осум години,поради внатрешната болка создадена од домашната тешка ситуација. Јас бев син единец кој мајка ми го добила од бракот создаден преку стројници, на 36 години. Јас и бев се. Татко ми беше возач на камиони,го немаше со недели.Ккога ќе се вратеше еден ден одмораше,следниот ден почнуваше семеен пекол. За се и префрлаше на мајка ми,почнуваа со караници,завршуваше со негов напад.за се нешто без причина. Со мене секогаш беше мене беше добар,но мајка ми не. Живеевме со тетка ми,неговата немажена сестра и со баба ми. Таа секогаш беше на негова страна. Само јасеипнував да ја бранам мајка ми. Имав 16 години кога еднаш тој крвнички ја претепа мајка ми,а баба ми ликуваше. Тој замина на пат, мајка ми се спакува, ја проколна баба ми и си заминавме кај нејзината немамажена сестра.По две недели баба ми ненадејно почина. Татко ми замина кај друга жена,и не се врати. Откако дипломирав и се вработив,без да знам мојара мајка му се јавила да ни даде пари да купам стан, да не живеам под кирија. Така и се смирија. Кога се пензионира дојде да живее со нас, и почина во прегратките на мајка ми. Тогаш имавме време со ладни глави да разговараме за се. И сфатив дека најголема грешка било што физички сум ја бранел мајка ми,место да разговараме сите на маса. Татко ми го револтирало што синот единец не е наклонет кон него,туку целата блискост ја има со мајка си,се потсетува еден човек,кој вели дека поради таквиот брак на родителите никогаш не се осудил ни да се ожени.

Еден  од најеклатантните примери дека поради  насилство врз жената едно семејство може целосно да пропадне се прикажува и во филмот “Војната на Розиеви”,кога сопругот и сопругата на крај сфаќаат дека нивна брачна војна била бесцелна,но нема назад,ги губат и животите. Со стручен осврт на овој филм и неговото значење за семејните вредности,заедно со филмски критичар,ќе се осврнеме наскоро.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDPТекстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ