Женски приказни: Исмејувањето, лажната надеж и уцените се суптилно насилство

Валентина Ѓоргиевска Парго

0
365

Насилството има повеќе лица, но ист ефект-ја уништува женската психа и го уништува и разорува женското здравје. Многу жени не се во состојба да ги проценат овие тивки методи на насилство, а пак многу мажи кога ги применуваат, и не се свесни за тоа. Да не зборуваме за нај примери, еве да “позајмиме” неколку примери од секојдневието.

Неодамна на фб профил на познат личност осамна статус во кој тој беше вчудоневиден од “дрскоста” на девојка, како можела тоа да си го дозволи. Седејќи во кафуле, спроти него го слушнал разговорот на мајка и ќерка, со дијалект од провинција, како ќерката и ветува на мајка си дека – еден ден ќе живее на Водно! И со  ироничен “тон” и потсмевање тој ја опиша оваа своја случајна случка со провинцијалката, која покрена многу коментари во тој стил, и најлошо-најголем дел од тие коментари беа на жени. Во сите ние се обвинуваше двојката и провинцијалките за своите желби за успех и подобар живот.

Нејасно е што девојката и ветила на мајка си, дека ќе биде успешна до тој степен да може да си купи куќа на местото каде, според некои старомодни стереотипи, на висока нога живеат луѓе со кариера и пари, или дека таа ќе се омажи со некое момче кое тоа ќе и го овозможи. Желбата на девојката е сосема ветувачка и исправна, од друга страна со своето ветување како да покажала грижа за мајка си дека ќе биде успешна ќерка, да се и даде надеж.

Да ја прескокнеме можноста дека девојката прочитала, и дека познатата личност се до тој момент и бил омилен, или идол, истиот оној кој сега се исмејува со нејзината желба. Суптилен тип на насилство е да се потсмеваш со нечиј сон, амбиција, а доколку тие не се нешто што некому нанесуваат пакост или злодело. Подржувачите на исмејувањето се исто така жени кои покажуваат насилни манири кон други жени.

Лажните ветувања се исто така одлика на насилници. Честопати девојки ми се довериле дека бизнисмени, притоа најчесто семејни и брачни луѓе, познавајќи ја нивната желба за успех, амбиција или финансиска немоќ, знаат да им кажат-“Биди со мене, јас ќе ти дадам пари, јас ќе те направам ѕвезда. Легни со мене. Макар само еднаш. Ако сакаш да успееш или да бидеш позната, мора со некои работи да направиш компромис, да се поминиш. Како на пример, да легнеш со мене!”. Дури и ова да не е лажно ветување, самата уцена и обид за присилување е невидливо насилство врз жена.

Последниот конкретен пример за денеска се исмејуваат на база “шега”. Познат моден менаџер пред повеќе години влезе во медиумска препирки со новинарка. Тој за неа рече дека е дебела и неродилка жена, а со цел да ја навреди и повреди. По неколку години, кога таа ослабна, а а тој дозна дека имала голем син, со кого станале пријатели, а и се смирил со неа, го потсетив на муабетот.

– Ма, не беше тоа кажано сериозно, на шега беше, сакаше да се оправда за своите погрешни зборови. А што е разлика дали тоа било кажано со шеговит или сериозен тон?  И што ако новинарката ги слушнала тие зборот, зар мислиш дека би и било мило? ” Нема зошто да се лути на шега, ионака тоа сега не е точно” , се бранеше модниот менаџер.

Кога еден маж сака една жена да потцени или омаловажи, во нашата средина, а се употребуваат сите средства и не се избираат зборови, дури и кажани божем на шега. Цитираме: таа е дебела ко вреќа за компири, слаба како Олива, ниска ко џуџе, со гради турени како гајди, грда како гроб, копиле, кучка, клошарка без пари, растурачка на бракови, се секса за пари, неморална, распуштена, стара мома, баба-девојка и што уште не. Иако овие зборови се некултурни, простачки, недолични и одлика на невоспитани мажи, и воопшто не се пријатни за слушање, не треба да остане само на тоа. Досега не подлежеле на санкции, но во иднина би требало да има барем парични казни и задолжителни воспитни разговори во полиција, за намерното нанесување душевна повреда.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP.