вторник, декември 24, 2024
домаНасловнаЖенски приказни: Кодошењето предизвикува злодело!

Женски приказни: Кодошењето предизвикува злодело!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Подмолното кодошење е една од најопасните и најнегативни кактеристики, која има за цел да се наштети на некоја жена – на работно место, во семејството или во приватниот живот. Кога една личност потпадне под постојано убедување за некоја жена, без оглед дали е тоа точно или не, кај него се раѓа омраза и спремен е на лошо дело и на насилство.

**

Една од оние мрачни случки, која трогнува и ви ја зовриваат и кожата е еден деликт кој се случи пред повеќе години, во мало место. Накусо, четиричлено семејство живеело во голема куќа, во која на едниот кат живеела и постарата тетка, косопственичка на куќата, со која убаво се согласувале. Животот им се одвивал нормално и пристојно, се до моментот кога работите зеле поинаков правец, на база на женска љубомора и борба за доминација.

Жената во семејството почнала да ја замразува тетката, и да го убедува семејството да биде на нејзина страна, а против старата. Кодошење, коментирање, озборување, лошите коментари, била нејзината вообичаена дневна практика, со цел и сопругот и децата да ги сврти против тетката. Во прилог на нејзината сосема непотребна „ борба“, почнала да се советува и со бајачи, со цел да и напакости и преку причинување на маѓии. Од ден на ден работите се влошувале, убавиот и хармоничен живот во куќата бил сосема нарушен, како и односот со тетката, која ја опишувала како лоша жена. Иако соседите и роднините не се согласувале со таа констатација.

Караниците една вечер кулминирале со деликт, нејзиниот син со остар предмет и го одзел животот на старицата, и во своите понатамошни признанија не само што не чувствувал вина, туку години потоа, при одлежување на казната во душевна болница, тврдел дека постапил правилно. Со истото убедување останала и неговата мајка, која фактички стоела зад ова злодело.

Зачудувачки за сите било што тивкото и фино момче го сторило тоа злодело. А се тоа било резултат на постојаното кодошење и вербално убедување во некакво си зло кое тетката им го прави, иако токму тие живееле во куќата која и припаѓала неа.

**

Дека насилството врз жените го предизвикуваат и самите жени, а не само мажите, има голем број примери. Во ситуација кога една колешка почувствувала ривалство од друга колешка на работно место, таа смислила пеколен план. Да и се одмазди, а тоа да не биле забележиво. Ја убедила да одат на видовита гатачка, а претходно договорена, а можеби и потплатена што да и каже на девојката – дека нејзините родители не и се вистинските родители, туку дека е посвоена.

Тоа била точна информација, но младата колешка не знаела се до тој момент, кога на тој начин ја дознала семејната тајна. Паднала во голема депресија и дури два пати се обидела да си го одземе животот, со прекумерна доза на седативи. Ја спасиле, за конец. Но не и од прекршената младост и од доживотните трауми.

**

Уште еден потврден пример на привремен развод на брак, ни раскажа средовечна жена. Таа се потсетува дека пред повеќе години, додека нејзината патализирана свекрва била жива, сопругот, за да и ја олесни грижата и понудил да земат помлада помошничка, да и помага. По огласот избрале една девојка, дипломирана правничка, со финансиски проблеми, која на почеток се истакнала со нејзината претерана работливост и дискретност. Поради далечината на семејниот дом, и понудиле да се пресели во една соба кај семејството, и станала како нивни член.

Од постојаните дружења и разговори со газдарицата, ги дознала сите интимни тајни на брачната двојка. Потоа лукаво му се наместила на газдата за љубовница, и на крај ги пренесла и искодошила сите разговори кои ги водела со неговата сопруга. Како казна за тоа, сопругата добила ќотел и ја избркал од дома, додека помошничката останала да живее со него. По силен притисок на нивните деца и поширокото семејство, по половина годинам неговата сопруга се вратила во домот, а помошничкаа ја избркале.

-Ја прифатив како своја ќерка, и давав се, и понудив да остане под ист покрив, ја советував да си најде фино момче, и се нудев да и бидеме и кумови, а таа ми возврати мошне страшно. Тие неколку месеци јас не си го препознавав сопругот. Грижливиот и во мене вљубен сопруг, кој некогаш ме дарувал со многу љубов, внимание, бакнежи, па и со најскапа облека, златен прстен со дијамантчиња, автомобил , дојде во фаза физички да ме напаѓа без никаква вина. Децата ни беа на факултет и недостасуваа пари за нивно школување. Се преселив во друг град, тргнав да работам како хигиеничарка во сендвичара само за да преживеам и да им пуштам пари на децата. Секој ден плачев дење ноќе и си го нарушив и здравјето. Моите золви беа упорни и ме вратија назад во домот, ја избркавме лошата девојка, која долго време потоа ме вознемируваше на телефон со лажна информација дека има вонбрачно машко дете со мојот сопруг, само за да ми нанесе нова болка и да ме повреди. Тоа не беше точно. Неа сега ја нема, но траумите и ден денес се чувствуваат во нашиот брак, кој по сето тоа воопшто не е ист!

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ