Многу брачни двојки своето брачно патешетсвие го почнуваат со љубов, а завршуваат на суд, или во полиција, во одделот за насилство. За околината напати е чудно како некои двајца кои многу се сакале дошле до таа фаза. Но, се си има свој тек и свој одговор зошто е тоа така.
Лесно може да се наведат многу причини што ја раскринкало врската или бракот, најчесто како „изговор“ се наоѓа финансиската сотојба, но тоа и не е толку веродостојно, ако се земе во предвид дека нашите баби и дедовци дури и немаше што да јадат, а хармонијата ја зачувувале до крајот на животот. И тоа, не на сила. Со меѓусебно разбирање и „поправање на скршените работи“. За секој проблем треба да се разговара со партнер и да се наоѓаат компромиси. Но од двете страни, инаку се би било залудно.
Во современото живеење неколку причини, кои внесуваат немир, насилства и последици во бракот, се повеќе од сигурни. Почнува од тоа што едно се очекувало или било ветувано пред бракот а друго се случило.
Поголемиот број бракови се распаѓаат поради преголемите очекувања, тврди психолог кој е се уште на студии. Луѓето често стапуваат во брак со очекување дека тој/ таа ќе се промени на подобро, а тоа најчесто не се случува. Исто така, се јавува апатија и кога нема да пронајдете се што ви недостиало во партнерот- потполно е погрешно да очекувате дека вашиот партнер или партнерка ќе ви биде сѐ во животот, а денес многу луѓе го прават тоа.
Бракот како институција поминува низ тешки фази. Особено денешните бракови, кои се на удар на низа непријатни ситуации. Една од тие е што најчесто е што жената ја превзема водечката улога, а мажот го става во подредена или во пониска ситуација. Особено ако финансиски зависи од неа. Најчесто и му врши голем притисок, многу поголем отколку што тој може да поднесе- како финансиски, така и со обврски. Кога ќе му пренатрупа обврски кон домот и децата, плус и не може да ги исполни нејзините постојани желби за подновување на мебелот, купување нов автомобил, одење на одмор, тој се чувствува понижен и гневен во себе и знае тоа да го изнесе преку насилство, Или да се оддаде на пиење и пороци. Или незаинтересираност за домот. Или незаинтересиран за неа. Па почнува „неа“да ја наоѓа за главна причина за сите свои неуспеси.
Друга од причините за насилство е кога мажот вчегува во таканаречекниот втор пубертет во кој редовно се вљубува во друга жена. Неговата сопруга најчесто ако го забележи тоа, и „испаничи“, може да го натера уште повеќе да го втурне својот сопруг во туѓи прегратки.
Доколку е со новата љубовница знае и да се обиде да прикрива, и е весел. Но кога не може да биде со својата втора избраничка, ни јавно, ни тајно, тој почнува да ја прекорува сопствената жена, да ја споредува со неа, да не може да ја поднесе, и да му изгледа како единствена пречка на патот за тој да е со посакуваната љубовница.
-Мојата венчана сопруга одамна ја нема. Јас бев заведен од жената на наши семејни пријатели и почнав врска со неа. Не би сакал да се потсетувам што се се случуваше во мојот брак и семејство. Беше траорно. Со љубовницата раскинав пред неколку години. Мислам дека како таа да ме хипнотизира и магепса, не бев свесен што правам.. Се е тоа зад мене, можеби се каам за некои работи, но нема што да сторам, раскажува средовечен маж, чиј брак , кога сопругата му била жива, по сила на оваа ситуација поминал многу лоши моменти.
Незаинтересираноста за секс кај жените, која се јавува со годините, или влегувањето во менопаузата, доведува до разладување на постелата, која мажот најчесто ја заменува со друга, послободна и „жешка“, со слободна жена која може да му пружа големи задоволства. Најчесто тоа е со некоја колешка, пријателка или семејни пријатели, до која полесно може да дојде, поради близината и срдечноста.
Многу од двојките стануваат заложници на лош брак, на постојани тепања, навреди, шамари, па се разведуваат, но најголем рој остануваат заедно и минуваат низ пеколни брачни сцени. За да се спречи и излечи проблемот потребно е тој да биде откриен и да се разговара, доколку партнерите сакаат да останат во врска.
-Имав среќен брак, во кој ни се роди и прекрасно дете за кое двајцата се грижевме, раскажува еден млад скопски занаетчија. Моја љубовница, на нејзина иницијатива, а на мое мислев кратко љубопитство, стана една пријателка, која освен жешките денови и ноќи, за кои успешно се криевме и имавме изнајмено стан, ми подари и ветување дека ќе сме задедо. Таа беше свршена, ми вети ќе го остави свршеникот. Кога ненадејно реши да не напушти и двајцата и најде нов партнер.јас полудев. Среќа што некако на време се повлеков, планирав голема одмазда. Не се нафрлив со насилство врз неа, чекав одмаздата да и ја сервирам ладна, но гневот кој го носев есплодира во мене и сега сум од жена до жена. Талкам и лутам, во многуженски прегратки, разведен, не би рекол среќно разведен, чуден и одвреме навреме кај психолог, кој ми помага со совети, раскажува тој.
Двојките најчесто завршуваат со караници кои ескалираат во тепачки, кои доколку преминат во поголеми се префрлаат за жал во болничка соба или во полициска станица. Но, најголем дел од партнерите по закрвавените семејни моменти, повторно се заедно. Ноќта се тепаат и навредуваат, следниот ден се помируваат како ништо да не било. Траумата сепак останува, По извесно време проблемот повторно им се повторува.
Не можеме да зборуваме за насилството како привилегија само на едната страна. За да дојде до тоа мора да има свој „удел“ и другата страна. За тоа да се поправи многу брачни двојки треба да посетат психолог, и самите ќе видат декаќе им биде полесно. Кај нас се нема таа навика, некако се уште е срамота да се изнесе брачниот проблем пред трето лице. А не ретко се случува и психологот да се довери на трето лице што се слушнал од одреден брак, па затоа и брачните двојки не одат таму.
Но, она што го дознаваме и е мошне корисен совет, брачните двојки својот лек го наоѓаат во организацијата ХЕРА.
-Јас и мојот партнер се мачевме неколку години се додека не се поврзавме со семејниот центар во ХЕРА. Навистина многу добро работат и се стручни. Многу ни помогнаа во средување на односите со сопругот, ни откри една млада жена, и им го препорачува на други двојки со зголемени несогласувања и проблеми во брачната заедница.
Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP