понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Кога и општествено одговорните институции и компании остануваат неми на...

Женски приказни: Кога и општествено одговорните институции и компании остануваат неми на психички напад!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Откако деновиве осамна новиот серијал „Сега Кажувам“ спроведен од група активистки на социјалните мрежи, со кој се споделуваат негативни искуства од сексуално, сексистичко и психичко вознемирување на жени, почувствував за потреба да се најдам од другата страна. Овој пат, не само како авторка на серијал вистините приказни за „Женско насилство“ во рамките на проектот на Новинари за човекови права, за да се согледа јасно како се атакува угледот на една жена во јавност, и беспотребно да и се нанесе траума, без да се земе предвид дали тоа било вистина и дали дополнително била загрозена нејзината здравствена состојба.

Ви го пренесувам писмото упатено до скопските градоначалници, и до општествено одговорните компании, на кое дваесеттина дена немам добиено одговор, освен фејсбук порака од „Мр Хот дог“ дека ќе бидам контактирана од нив (сеуште чекам).

Содржината Ви ја пренесувам во целост, и верувам дека дополнително објаснување не е потребно:

Почитуван градоначалник, господин Петре Шилегов!

Срдечно Ве поздравувам и Ви ја честитам Новата 2018 година, Вам и на Вашата екипа, и Ви посакувам само среќа и успех во остварување на Вашите замисли и желби!

Јас сум Валентина Ѓоргиевска Парго, независен новинар и портпарол на организацијата „Journalists for Human rights”.

Во оваа прилика, би сакала да Ви ја честитам оваа година, а воедно и да Ви се обратам како на носител на најголемата официјална титула во град Скопје, истото тоа го сторив и со Вашиот претходник, Коце Трајановски, од кого побарав и да се сретнеме, но за жал не добив ни барем имејл одговор.

Имено, на 19 јули 2015 година, јас бев дел од екипата која снимаше филм во раните утрински часови, во центарот на Скопје. Сосема нелегално и незаконски од снимањето фотографија на која одморам на еден од мостовите на Вардар, во 4 часот изутрина, направил извесен статист Дејан Зафировски и произволно ја објавил на својот Твитер акаунт.

Подоцна таа истата, самоволно беше превземена од новинарот Зоран Василевски и објавена на порталот „libertas.mk“ со текст дека по луда забава јас сум заспала на мост, што секако ни оддалеку не беше одраз на вистината, но моето барање да биде повлечен тој невистинит и измислен текст, или да биде објавен демант, не помина, а понатаму не сакав да одам во препирки со Редакцијата, зошто беше бесмислено кога веќе не постапија според нормите на професијата.

Минатото лето, на 22 јули 2017 година, половина час откако на мојот ФБ профил јавно објавив фотографија за мојата средба со светскиот музичар КиМани Марли, синот на најголемиот музички миротворец – легендарниот Боб Марли, која ја остварил како единствен поканет новинар од Македонија на признатиот „Демофест“ во Бања Лука, и го запознавав со Република Македонија, за која прв пат слушна, на извесен портал „skopje 24.mk“ осамна истата вест, стара една година преземена од „libertas.mk“, без никакво покритие, причина, повод или потреба.

Порталот е фантомски, што автоматски подразбира и „на диво“ и  непрофесионален,  но за да биде уште потенденциозна оваа малициозна намера за намалување на углед преку ширење невистини, истиот тој текст беше споделен на Фб страницата на Скопје – Skopje The Capital Of Macedonia.           

Реагирав преку имејл на „skopje24.mk“ и неколку часа по најавата за тужба, текстот беше повлечен. Но и покрај тоа, сметам дека по таквото бизарно искористување на името на нашиот град Скопје, а посебно преку злоупотребата на Фан страница која треба да го претставува градот во најдобро светло и на ниво на ФБ профилите кои ги имаат сите други главни градови во светот, заслужувам во некаква форма извинување од институцијата „градоначалник на „Скопје“. Го земам предвид фактот дека овој нечовечки гест не е направен од Вашата екипа, но како што Ве информирав погоре, господинот Коце Трајановски не се огласи на моите мејлови, прескокнувајќи ја својата обврска за градоначалнички и патронски однос кон своја граѓанка и сограѓанка.

Во меѓувреме, нешто што посебно многу ме изненади, би рекла и дел позитивно, на овој фантомски портал неодамна забележав реклами од општествено најодговорните компании (во моментов на Телеком и Мр Хот дог, а пред тоа ако не се лажам Комерцијална банка и Зегин), гест кој многу го почитувам како поддршка на новинари, зошто знам тоа што значи, но бидејќи станува збор за портал кој нема (истакнато) своја редакција – свој уредник, свои новинари, свои фоторепортери, свои технички уредници, своја секретарка, своја адреса, своја  жиро сметка…би поставила и до нив прашање – кој е уредник порталот и зошто истиот не е регуларно објавен, ако се е законски, прописно и транспарентно, како што всушност новинарството има обврска да биде, пред се и над се.

Пред се, и над се, уште еднаш големи поздрав и искрени новогодишни честитки до сите Вас, со желба и за покултурна меѓусебна иднина на овие простори.

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ