среда, декември 18, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Кога жената се нарекува со погрдни имиња

Женски приказни: Кога жената се нарекува со погрдни имиња

Случката која ми ја раскажа пријател, а се случила меѓу нашите во  Швајцарија, датира повеќе од две и повеќе децении. За време на една дружба во кафана, каде седел со припадничка на понежниот пол, пиејќи и уживајќи во својот пијалок, влегол близок пријател, со босанско потекло, кој се поздравил и му рекол: „Је ли бре, која ти је ова к*рва“?

Останал вчудоневиден, и го загледал пријателот.

Го прашувам „И ти што направи, како изреагира? Го опомена дека не е тоа во ред, пред дамата?“

-Хаааа. Јас ли? Бев во недоумица – да го тепам како да го тепам, да не го тепам како да не го тепам! Море ќе го тепам, море нема да го тепам. Долго се мислев, ама не го истепав“.

-А зошто пријателот така се обратил?

-Па тој секогаш така прашува, кога и да ме види со женско, таков му е стилот на зборување.

-Тогаш зошто токму овој пат му си  се налутил?

-Затоа што токму тогаш бев на маса со мојата сопруга, ми раскажа пријателот.

Долгозапаметената анегдота често ме посетува на двојниот аршин на мажите кон женскиот свет, особено ме потсетува кога овој погрден збор ќе го слушнам во кафеана, со кој тенденциозно се навредува секоја жена.

Овој израз, за жал, само го покажува  ниското ниво на култура и пред се потценувачкиот однос на мажите кон жените. Не ретко на маса во кафеана или кафуле,  може да сте сведоци на вакво ниво на комуникација, зачудувачки, но, да, често пати и од едуцирани мажи, и мажи со повисока општесвена положба излегува овој збор, како и многу други. Го употребуваат, кога безмилосно озборуваат некоја жена, која не им е по „ќејф“.

Не е нималку пријатно да седиш на маса во ресторан и да ги слушаш тие квалификации за жена. Која и да е. Често пати се случува една иста жена луѓето на маса во тоа друштво да не ја доживуваат со истиот поим. Доколку за некого е тоа, за другиот/ друга може е нешто позначајно, и навредливо е и за слушателот тоа да го слуша.

Во основа е навредлива целата таа „номенклатура“ на погрдни називи за жените, која не се штеди кога се опишува жената, на овие простори.

Во ова најчесто придонесува филмовите, медиумите, вулгарните спотови, во који жената се нарекува погрдно.

Неоспорно е дека со овој збор се сака да се опише жена која била со повеќе мажи, но уште понеоспорно е дека право на навредување на жена нема никој. Посебно не јавно повредување на нејзиното достоинство и навредување пред други лица.

На оваа навика му купува домашното воспитување на озборувачот навредувачот, друштвото во кое се дружи,  но она што стана секојдневие е масовната фб комуникацијата која често пати во својата опуштеност ги надминува сите граници на човечко и достоинствено однесување. Посебно кога се зема на мета одредена жена во групи на фб, или на форуми. Се напажа со најлоши зборови и коментари.

Иако овој и слични термини кажани во сексуална конотација, често пати и како карактерна одлика, контектстот воопшто не е битен. Битна е основата која има за цел да навреди и ја понижи женската поединка.

За жал, се забележува и сатисфакција во употребувањето на ваквите погрдни зборови од мажите а често пати и од самите жени, без да се внимава колку тоа и напакостува и нанесува повреда на углед, чест, и психичка болка, доколку ја слушне навредата со свои уши, или ја прочита на социјалните мрежи

Во денешно време  се почесто се случува да биде употребен овој и слични и уште понавредливи зборови- ор*спијо, др*љо, пачавро, климактерична, хистерична, исфрустрирана, нес*ксана.

Многу жени ќе ви посведочат (се разбира со псстттт!) во доверба, дека сопругот најчесто ги користи сиве овие (навредливи) зборови,кога е изнервиран, кога се сами,  дури и пред децата, дури и пред други луѓе, со цел, во неговото ослободување од нервозата, да ја намали нејзината вредност. Некои жени дури и смеаат дека е сосема нормално и сосема во ред сопругот така да ја нарекува, дека тоа е доказ за нивната блискост и љубов.

Навредливи зборови кон некоја жена најчесто употребуваат и шефови, директори, претпоставени, сопственици  на фирми, наставници кон ученички, на пазар, при случајно разминување, во продавница,  во автобус, на случајна жена, на познаничка.

Доколку не овие, може  да се слушне- колку си глупа, проста, откачена, одвеана, немаш памет, а да не зборуваме и за ред други квалификации.

Сметајќи дека ни по бонтон ни то други правила на комуникација не им е место во устата  на луѓето на навредувачки зборови,  за сите овие форми на психико изживување врз жената, треба да постои ригорозен закон кој ќе казнува.

Чекор по чекор да се сотре ова вербално насилство во корен,  бидјеќи насилството почнува од најмал чекор се до покрупен. Неопходна е едукација и во училиштата, каде подигнување на нивото на комуникација ќе биде посебна материја за изучување.

 

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ