недела, ноември 17, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Македонка во Шведска - Дури и тука врз жената има...

Женски приказни: Македонка во Шведска – Дури и тука врз жената има мобинг!

Валентина Ѓоргиевска Парго

„И во Шведска нема слобода на говор, и во Шведска има мобинг и дискриминација!“, со овие зборови една Македонка се обрати на своите пријатели на фејсбук. Таа раскажа и зошто мисли така, која е нејзината случка.

-Утрово рано објавив еден текст, само за моите ФБ пријатели, дека мојата шефица ми кажа дека јас не разбирам доволно шведски изрази и така да не очекувам да напредувам во кариерата. Оваа шефицата без никаква причина пред еден месец одеднаш ми ги смени работните задачи. Ме прекина на сред работа и рече сите  предмети што ги водам да ги повлечам назад во фолдерот. Ми нареди цел месец да работам во бункерот со архивата за да ги поминам сите архивирани акти и на тие што им дошло време за уништување да ги фрлам во контејнери. Јас тоа го направив за две недели и  ја прашав што мисли понатаму. Се уште ме држи во неизвесност што ќе ми смисли да работам“.

На ваков начин шефицата ја почнала тортурата врз нејзината вработена. А како почнало сево ова со шефицата?

-Таа претходно ми има кажано да си ја продадам куќата во Шведска и да си се преселам во Македонија, и ред други непријатни и потценувачки работи. Но, паметна сум и мислам дека мојата кариера како да и позасмета. Си направив резиме на целата моја 22 годишна кариера во Шведска, на која дури и швеѓаните можат да позавидат. И силно почувствував дека оваа моја шефица посака да ми прави мобинг. Така се решив да споделам со вас. Утрово, откако напишав на ФБ, набрзо потоа добивам повик за разговор од шефицата. Еден од моите колеги ја покажал мојата објава на ФБ и настанало узбуна во целата Управа, каде што работам. Од високо директорско ниво ми е пренесено објавата на ФБ под итно да ја повлечам бидејќи со таква изјава сум ја рушела добрата репутација на оваа шведска Управа и дека сум ја клеветела шефицата. Во спротивно, ќе превземат соодветни мерки. Објавата ја тргнав за да си го зачувам работното место и да не си правам проблеми во животот. Тежок е патот како вработен да се докажуваш дека си во право и навистина треба документирани докази за тоа, а не збор против збор, објаснува засегнатата Македонка.

Таа раскажува дека нејзината кариера во Шведска почнала како новинарка, и тоа го работела седум години, од кои станала и уредник на шведските вести на тв,  и колумнистка во еден познат шведски весник.

-Кога го напуштив новинарство станав дел од оваа Управа. Имам и два шефовски мандати во државната служба на оваа Управа на четири региона и некои други крупни позиции. Но, како мајка, за да имам повеќе време за моите деца барав да се преместам со работа во едно помалечко гратче, градот во којшто сега живеам. И тоа е моето актуелно работно место кај што сакаат да ме угнетуваат бидејќи се уште имам директорска плата…

Македонската, инаку високообразована скопјанка која во Шведска е неколку децении, откако ни раскажа за овој мобинг, на крај резимира:

-Можеби е глупаво ова што го споделувам со вас на ФБ, но желбата да се знае е голема. Не се ни срамам да кажам што ми се случило. Не е само да се фалам за моите успеси или да кажувам колку е убава природата во Шведска. Сакам да знаете дека во Шведска се случуваат вакви неправедности, дискриминација и мобинг, посочува таа.

Сепак, иако сфаќаме дека е незадоволна од овој притисок од шефицата, ако се спореди со она што е мобинг во Македонија, како наш заклучок, би рекле дека Шведска и не е така страшна. Македонската жена на работно место  не може да напредува ако тоа не и се допаѓа на шефицата или на шефот и навистина трпи многу нерпаведности. Но, во секој случај, добро е да се знае, дек а на мобинг и притисок кон жената не се имуни дури ни најразвиените општества.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDPТекстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ